Paradiski Les Arcs, Француските Алпи

Вести, Дестинации

Термин на поаѓање: Петок, 19 јануари 2024 , враќање, пристигнување во Скопје, 28 јануари 2024 година

Les Arcs е составен од пет населби: Bourg Saint Maurice, Arc 1600, Arc 1800, Arc 1950 и Arc 2000, сите поврзани. LES ARC 1800 каде што е сместувањето е најголемата населба во оваа ски зона и од логистички аспект најповолна за престој. Севкупно центар кој бележи многу брз развој денес заедно со La Plagne, спаѓа во комплекс на еден од најголемите ски центри. Населба со најбогата Après-ski содржина. Многубројни пабови, ресторани, продавници, a според истражувањето на World Snowboard Guide, спаѓа меѓу најдобрите snowboard дестинации, секако едно од најдобрите во Франција

Paradiski  (Les Arcs/Peisey-Vallandry/La Plagne) располага со 425 км беспрекорно обработени ски патеки на надморска висина од 1200 до 3226 м. за сите категории на скијачи, како и воодушевувачка панорама кон Монт Блан.

Во 2003 направена е нова годола Vanoise Express ( 2000 скијачи на час) која ги поврза двете скијалишта со вкупно 425 км патеки. 70% скипатеките се над 2000 м/нв.Може да скијате и на глечерите  Varet (3.226 м/нв.)  и Bellecôte (3.250 м/нв.).  За нова забава французите го создадоа Mille8 за кое потрошија 36 милиони евра.

Mille8 : “aquafun” комплекс, покриен воден парк со тобогани,сауна, теретана, велнес центар. Се простира на 3.800 м2 површина.  Во рамките на Mille8  е направена нова атрактивна патека за санки, долга 900 м, нов  freestyle парк, шеталиште низ шума со специјални `ски чевли`, мини парк за деца,нов ресторан…. Направена е и паралел слалом стаза за туристи….

YUGE  апликација: напредна апликација која скијачите едноставно ја инсталираат. Додека скијате добивате информации во реално време за прогноза на времето, ски патеките, време на чекање на жичарите, информации за дневни атракции но да едноставно пронајдете пријател со кој сте се разминале.

Содржини кои ќе ги најдете во местото: Барови/Пабови, Ресторани, Маркет, Пекара, спа центар,турист биро, банка/банкомат, сувенири, полициска станица, пошта, болница, аптека, планинска служба, кино, музеј, куглана, спортски центар, параглајдинг, санки влечени од кучиња, клубови, ски сервис, snow-park. GPS координати: 45.572223, 6.829650

Tермин: 17/03/2023  FIRST MINUTE ЦЕНА: За уплата до 30-ти септември 2023

LES ARC 1800     20.01.2024
Тип на сместување            Број на кревети 
RESIDENCE 65432
АПАРТМАН- ДУПЛЕКС  “ARCHEBOLD” 315                     4 лица   629669759
СТУДИО  “RUITOR” 804                                                    4 лица  659709819
АПАРТМАН – Мезонет  “AIGUILLE GRIVE’’ 1505       4 лица    659709819
СТУДИО – Мезонет        “AIGUILLE GRIVE’’ 1434       5 лица  629669719 
СТУДИО – Мезонет       “AIGUILLE GRIVE’’  3406         5 лица  629669719 
АПАРТМАН – Мезонет  “AIGUILLE GRIVE’’  3212        5 лица  659699759 
АПАРТМАН – Мезонет  “AIGUILLE GRIVE’’ 2229         5 лица  659699759 
АПАРТМАН – Дуплекс Мезанин “MIRANTIN” 248        5 лица  629669719 
АПАРТМАН “Les THURIA”  525                                    5 лица  659699759 
СТУДИО-КАБИНА   “Les THURIA”  713                          5 лица  659699759 
АПАРТМАН  “Les THURIA” 715                                       5 лица  659699759 
АПАРТМАН – Мезонет  “AIGUILLE GRIVE’’ 2315         6 лица 659679719  
АПАРТМАН   6 лица, “ALLIET”  314                           6 лица 639659699  
DOPLATA ZA ESSENTIAL SKI PASS : +35      
Цените се дадени за пакет аранжман во eвра по лице.  Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мкд

Програма:

1.ден-петок,  СКОПЈЕ – LES  ARC 1800: Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за  LES  ARC 1800  во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден-сабота LES  ARC 1800:  Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање

3–8 ден LES  ARC 1800:  Шест дневно скијање во LES  ARC 1800. Ноќевање.

9. ден-сабота LES  ARC 1800СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано.

10 ден – недела СКОПЈЕ: Пристигнување во попладневните часови.

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – LES  ARC 1800– Скопје
  • 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот во LES  ARC 1800
  •  6 дневен скипас за стазите на LES  ARC 1800
  •  Туристички пратител за време на турата

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Задолжително патничко, тип Конфорт, осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 750 ден.
  • Задолжителна Туристичка такса 15 €  по лице за цело време на престој. Се плаќа во агенција, во МКД.
  • Paradiski skipass: 35 по особа за 425 км ски патеки. Резервација задолжителна  со пријава и уплата во агенција. Наша препорака!
  • Постелнина и крпи.
  • Завршно чистење на апартманите.
  • За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар Tравел со Лиценца “А” бр.УЛ I 13-59, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоции кои важат според наведеното за овој ски аранжман).
  • Генерален опис на  Студиата и Апартманите во  LES  ARC 1800

LES ARCS 1800  е поделен во неколку квартови, сите се меѓусебно споени а жичарите се навоѓаат помеѓу нив. Сите квартови се SKI IN-SKIOUT. За оваа година ви одбравме студиа и апартмани во најдобрите квартови. Распоредот, големината и опремата може да варира од  објект до објект, како и цената.

  • LES VILLARDS – центарот на местото кој се смета за центар  на скијалиштето со многубројни продавници, супермаркет, базенот и клубови, продавници. Од тука тргаат сите гондоли и жичари кон целиот ски ресорт.
  • CHARMETTOGER, веднаш до централниот дел и сите се  Ski IN-Ski OUT..

ВАЖНИ ЗАВРШНИ НАПОМЕНИ: Дадената цена е пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз.

РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 10.000 денари по лице, остатокот се доплаќа најдоцна до 15-ти. декември 2023. Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција. 
  • Со самата резервација и платен аванс, патниците добиваат договор за патување со сите податоци за патувањето, типот на сместување, разни доплати како и општи услови за патување.
  • Уплатата може да се плати во готово или на кредитна/дебитна картичка, со добивање на фискална сметка, или преку пошта/банка, или вирмански со издадена фактура.
  •  Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.

Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Патниците однапред се согласни за овие услови, и истите ги прифаќаат.

  • Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).
  • За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
  • Агенцијата не може да влијае на  спратност, поглед, локација или одреден објект. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмнаи, агенцијата ќе ги пропрати до локалната агенција, но без да вети за исходот.
  • FIRST MINUTE  цена важи до објавениот датум во ценовникот. После тој датум цената се зголемува за 50 € по лице, без оглед на тип на сместување.
  • Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.
  • Багаж: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба), 1 пакет ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец и храна за пат во автобус.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на пријавени лица, најдоцна 30 дена пред тргнување. Во  таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциона сметка на лицето кое уплатило или  вирмански доколку се така уплатени, според законот за платен промет.

ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:

  • Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до агенцијата, со причини за отказот. Отказните трошоци се во согласност со отказните трошоци на иностраниот партнер, на кои агенцијата не може да влијае.
  • Трошоците за откажување на патувањето кои се задржуваат:
    • Од моментот на пријавување до 8 недели пред поаѓање: 20% од цената8 – 6 недели пред поаѓање: 30% од цената 6– 4 недели пред поаѓање: 50% од цената
    • 4 недели и помалку пред поаѓање: 100% од цената
  •  Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 350€ по студио за 4 лица или 400 евра по апартман за 4 лица. Се плаќа при пристигнување, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од  кредитна картичка (VISA или MASTERCARD). Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и  гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката). Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови.
  • Сите детали и услови за патување во прилог pdf.                                                                                                                                                                                         
Претходен написи
Lucas Braathen: Доста ми е! Се пензионираше уште не почнат
Следен напис
Опрема за планинарење