Патеките на Копанки ќе ги пегла нов ратрак

Вести

АД ЕСМ преку својата подружница РЕК Битола, во соработка со ЕЛЕМ Турс ги прави последните подготовки за што поуспешна ски сезона на Копанки. Обезбеден е ратрак од брендот PistenBully300 кој поквалитетно ќе ја подготвува стазата за скијање. Годинава АД ЕСМ инвестираше и во нова сајла за ски лифтот над стазата Копанки, со што дополнително се подобруваат скијачките услови и перформансите на центарот.

Претходен написи
ЗИМСКИ ТУРИЗAМ И ИНФЛАЦИЈА – БОГАТИТЕ ЌЕ СКИЈААТ БЕЗ ГУЖВИ
Следен напис
Што креират странците кога ќе дојдат на скијање во Македонија