Châtel , Avoriaz , Morzine, Les Gets, Champery, Morgins , Les Crosets …12 ски центри, една ски карта, 2 држави, Франција и Швајцарија. Повеќе од 600 км ски патеки во неколку долини.
Термин на поаѓање: 27 јануари – 05 февруари 2023
Châtel (каде што е сместувањето) е навистина шармантна селска населба близу француско-швајцарската граница, Женевско езеро и големиот Монт Блан. Дел од најголемата група ски центри здружени под едно, Portes du Soleil или “Порти на Сонцето”. На располагање се колосални димензии од 650 км ски патеки меѓусебно поврзани со 200 ски лифтови низ 12 мали гратчиња, селски населби и ски зони во Франција и Швајцарија.
Местото располага со неколку добро снабдени маркети и поголем број на барови, ресторани и пицерии кои обично се полни после скијање. Додека сте на ски терените на располагање ви стојат атрактивни панорамски барови со вкусна храна и пијалоци.
Областа Châtel како што самите велат, поседува бесконечни powder резерви и честа можност за скијање на свеж снег пропратени со уникатни и возбудливи пејсажи и амбиент што би се рекло како од рекламите.
Стилот на вилите и сместувачките капацитети се водени од почитување на традицијата и удобноста, инспирирани од традиционалните земјоделски култури кои сè уште се наоѓаат во долината Абонданс, која е препознаена како место за „Pays d’Art et d’Histoire“ (Земја на уметноста и историјата).
Целата област Portes du Soleil не само што има изобилство на снежни паркови, туку ги менаџира и едни од најдобрите паркови во Европа. Паркови кои нудат скијање за сите нивоа од целосни почетници во слободен стил до простор за тренинг на светската класа натпреварувачи. Пример во Les Crosets супер фан паркот, населба која е во комшии на Châtel ги поседува најголемите скокови со големина од 6 до 20 метри, a Avoriaz го има таканаречениот Superpipe една од најголемите halfpipe во Европа, која се одржува на дневно ниво.
Châtel е огромно игралиште за авантури, планините ги има во сите облици и големини. Во самиот центар отворен е нов aqua центар “Forme d’O” со затворен и отворен термален базен, базен за деца, wellness зона (сауна, масажа…). Цена за неделно користење на стандард услуга е 40 евра, a за децата 30% поефтино. Местото е полно со барови и ресторани, продавници за зимска опрема и големи маркети (Scherpa, Casino). Низ центарот возат бесплатно ски автобуси кои ги собираат скијачите по пат кон жичарите.
Сместувањето е квалитетно, апарматни Lе Grand Lodge е лимитиран на 50на луѓе. Квалитетен амбиентален објект кој располага со сопствен базен, сауна, џакузи, како и можност за доручек услуги од страна на резиденцијата.
Оваа ски тура е од 27 јануари – 05 февруари 2023 година. Цената на сместувањето за најбрзите е популарна исто како и местото и започнува од 469 евра за 7 дена престој, со вклучени ски карта за 6 дена скијање низ терените во зоната на Châtel. Со оваа ски карта имаме вклучено 73 ски патеки, 130 км и 61 ски лифта близу Châtel и во швајцарскиот центар Torgon. Овој дел е ски зона се протега од 1100 до 2200 метри. На располагање за асистенција ќе ви бидат ски водичи за целиот период на престој. Уплата и повеќе детали за оваа тура на Нехар Травел
FIRST MINUTE ЦЕНА: За уплата до 15-ти Ноември 2022
Residence | CHATEL-PORTES DU SOLEIL – 27.01.2023 | од 469 € | |||||
LE GRAND LODGE 3* | Ski F R A N C E 2023 | ||||||
Број на кревети: | 8 | 7 | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 |
СТУДИО Т2/4, 4 лица | 509 | 559 | 660 | ||||
APARTMAN Т2/6, 2 соби, 6 лица | 479 | 499 | 529 | ||||
APARTMAN Т3/6, 3 соби, 6 лица | 499 | 529 | 569 | ||||
APARTMAN Т3/8, 3 соби, 8 лица | 469 | 489 | 519 |
Генерален опис на Студиата и Апартманите во ШАТЕЛ
АПАРТМАНИ во Резиденцијата “LE GRAND LODGE” 3*
Резиденцијата “LE GRAND LODGE” 3*e градена во традиционален планински стил, во комбинација на камен и дрво. Апартманите се конфорни и минималистички декорирани за да го направат вашиот престој пријатен. Уживајте во затоплениот внатрешен/надворешен базен, џакузи и сауна, парна соба. Бесплатен WI-FI во просторот кај рецепција, бесплатна ски гардероба. Оддалеченост од ски лифт: 600м. Бесплатен ски бус. До центарот на Шател има 800 м.
Сите апартмани имаат многу добра опремена кујна: микробранова печка, машина за садови, машина за кафе, тостер, бокал за греење вода.
Т2/4 AПАРТМАН 2 собиза 4 лица 28m2 : Опремена кујна, дневна соба со тросед на извлекување за 2 лица, 1 спална со голем кревет за 2 лица, Купатило со туш кабина, посебен тоалет, Балкон или патио.
Т2/6 AПАРТМАН 2 собиза 6 лица 37m2 : Опремена кујна, дневна соба со тросед на извлекување за 2 лица, 1 спална со голем кревет за 2 лица, на влезот (одвоено од дневната соба) 2 кревети на спрат. Купатило со туш кабина, посебен тоалет, балкон или патио.
Т3/6 AПАРТМАН3соби за 6 лица 57m2 : Опремена кујна, дневна соба со тросед на извлекување за 2 лица, 1 спална со голем кревет за 2 лица, 1 спална со 2 одвоени кревети. Купатило со туш кабина, посебен тоалет, балкон или патио.
Т3/6 AПАРТМАН3соби за 8 лица 57m2 : Опремена кујна, дневна соба со тросед на извлекување за 2 лица, 1 спална со голем кревет за 2 лица, 1 спална со 2 одвоени кревети, на влезот (одвоено од дневната соба) 2 кревети на спрат. Купатило со туш кабина или када, посебен тоалет, балкон или патио.
Завршни напомени
Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и повратен автобуски превоз.
- Депозит за резервација : 30%, остатокот се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање. Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција.
- Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
- Депозитот може да се плати во готово или на кредитна/дебитна картичка, со добивање на фискална сметка, или преку пошта/банка, или вирмански со издадена фактура.
- Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува но не и да гарантира при ваквите случаи. Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран.
Странките однапред се согласни за тие услови, без право на откажување.
- Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).
o За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
o Агенцијата не може да влијае на спратност, поглед или одреден објект. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмнаи, агенцијата ќе ги пропрати до локалната агенција, но без да вети за исходот.
o Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите ( гориво, сместување, ски пас ). Сите уплатени аранжмани до тој момент, остануваат по старата цена.
o FIRST MINUTE цена важи до објавениот датум во ценовникот.
После тој датум цената се зголемува за 20 евра по лице, без оглед на тип на сместување.
o Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.
o Багаж: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба), 1 пакет ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец и храна за пат во автобус.
o Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 5 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциона сметка на лицето кое уплатило или вирмански доколку се така уплатени, според законот за платен промет.