После 84 години повторно Турно Ски натпревар во организација на ФПСМ

Вести

Изминатиот викенд на 14 април 2024 г. на Пелистер после 84 години, повторно се одржа Турно Ски натпревар во организација на ФПСМ и Планинарскиот спортски клуб „Пелистер од Битола“. Пелистер го дочека денот кога се возобнови ова натпреварување на кое оваа година свое учество пријавија 24 натпреварувачи од повеќе планинарски клубови од земјава. Патеката која беше предвидена и најавена, поради наглото затоплување со надпросечно високи температури за овој период од годината, беше скратена за повеќе од половина со вкупна должина која изнесуваше 3.8 км со 426 мнв искачување. Атмосферата на натпреварот беше одлична, полна со позитивна енергија, како и вкупната организација, која беше на високо ниво со максимално вложување на организаторите и волонтерите. Натпреварот беше од ревијален карактер, се со цел од наредната зимска сезона да стане дел од првата Македонска турно ски лига. Признанијата за освоените први 3 места како и за учесниците на оваа натпреварување ги доделија Претседателот на ФПСМ г-дин Зоран Читкушев во категоријата Ветерани, претседателот на ПСК Пелистер, г-дин Димче Попов, во категоријата жени, и г-дин Петар Нолев од ПСК Пелистер во категоријата Сениори. На сите учесници исто така им беа доделени признанија за учество, а особена благодарност е упатена на организторите како и на спонзорите на натпреварот. Се гледаме повторно со првите поволни снежни услови.

Постигнатите резултати по категории:

СЕНИОРИ:

МАРТИН КОТЕВСКИ – 50:54 – ПК КОРАБ – СКОПЈЕ

ТОМИЦА КОТЕВСКИ – 51:44 – ПК КОРАБ – СКОПЈЕ

МЕТОДИ ЧИЛИМАНОВ 51:47 – ПСК Х2О – СКОПЈЕ

ВЕТЕРАНИ:

ТОМИЦА КОТЕВСКИ – 51:44 – ПК КОРАБ – СКОПЈЕ

САША КОТЕВСКИ – 56:33 – ПК КОРАБ – СКОПЈЕ

СПАСЕ ЏАМТОВСКИ – 1:02:31 – ЗП ВЕЛИКАМЕН – ОХРИД

ЖЕНИ:

САЊА СПАСОВСКА – 1:15:42 – ХМКД – СКОПЈЕ

НЕЛИ ПАНОВА – 1:25:12 – ПСК ПЕЛИСТЕР – БИТОЛА

ТАМАРА КОТЕВСКА – 1:31:00 – ПК КОРАБ – СКОПЈЕ

фотографии Борјан Јованоски

Претходен написи
Хотел Молика гради спа и фитнес центар
Следен напис
Се врати снегот по планињето