Преку IME програмот на Швајцарска амбасада набавена безбедносна опрема за фрирајд скијање со ратрак

Вести

Попова Шапка сезонава паузираше со скијачката сезона, но фрирајд скијањето функционираше без застој. Шар Планина остана број 1 дестинација за авантуристичко екстремно скијање во Македонија и во југо-источна Европа за странските посетители.

Со цел подобри и побезбедни услуги преку поддршка обезбедена од Швајцарската амбасада и програмата ИМЕ , за операторот Шар аутдорс (SharOutdoors) од Шар Планина и СФ Фрирајд (SF Freeride) од Пелистер набавени се опрема за лавинска безбедност (ербег ранец, трекер за лоцирање, сонда и лопата) и реализирана е обука на сите планински водичи за користење на опремата. Набавувањето на ваквата опрема придонесува до повеќе и побезбедно фрирајд скијање и сноуборд.

Водичите во планина се врвните авторитети и тие ги поставуваат правилата во групата. Ја прават процената за состојбата на снегот, можностите што ги нудат временските прилики, ги определуваат ски зоните и ски линиите што ќе се скијаат тој ден и сето тоа со цел да овозможат одлично искуство и безбедно скијање.

Секој ратрак располага со група од 12 скијачи, придружувани од 2-3 водичи.Лидерот од водичите скија прв и ја тестира патеката, доколку е потребно, алармира за одредени ризици или сигнализира дека групата може да го следи. На крајот од групата се движаат останатите водичи, кои ги следат скијачите туристи и доколку е потребно интервенираат за безбедно да се стигне до крајната цел. Таму ве пречекува ратракот кој ве носи на нова локација, нова падина.

 

 

Претходен написи
Велигденско екстремно скијање врв Плат северна страна #skimacedoniaONtour
Следен напис
Се финализира процесот за прогласување на Шар Планина за национално богатство
Мени