Божествената убавина на Шара, со целиот свој раскош на шаренило од природа, бои, не запира да нè инспирира. Токму затоа оваа година приказната и воздишките кои ги буди Шара, ја проширивме со многу нови активности за сите љубители на убави погледи, на авантура, дружба и уживање. Ве покануваме на ПроШарај – исчекор напред на минатогодишните шарпланински базари. Остануваме верни на планината и природата, па затоа овој настан го збогатуваме со: Детско Шарпланинско катче, еко базар, планинарска акција, еко акција – чистење, проекција на краткометражни филмови (репортажи) инспирирани од Попова Шапка.
Се гледаме на 8.10 на Попова Шапка! Со почеток во 12:00 часот во Конак.
![](https://skimacedonia.mk/wp-content/uploads/2023/10/Prosaraj_2023_SM-shar-planina-popova-shapka-1024x536.jpg)
![](https://skimacedonia.mk/wp-content/uploads/2023/10/shar-planina-popova-shapka-Prosaraj_2023_SM-18-1024x1024.jpg)