Планинарско спортскиот клуб Бистра од Гостивар за сите почетници и постојани членови организира четири последователни тури во текот на март и април. Планинарските тури ќе бидат првично наменети за почетници во планинарењето, со исклучиво лесна карактеристика на патека. Да ги искористиме четирите тури како кондициона подготовка за понатамошните предизвици, велат од клубот.
Редослед на планинарски тури:
- Врв Кодра Tаул – (1853 мнв) на Сува Гора, планирана на 19.03.2023
- Планинарска куќичка – (1300 мнв) на Шар Планина, планирана на 26.03.2023
- Врв Тепе – (1528 мнв) на Буковиќ планина, планирана на 02.04.2023
- Врв Сандакташ – (1983 мнв) на Бистра планина, планирана на 09.04.2023
Сите тури се планирани во околината на Гостивар. За секоја тура ПСК Бистра ќе има објава на својата Facebook страна за времето и местото на тргнување, како и телефонски број за пријавување.
Од ПСК Бистра порачуваат:
„За да го искачиме врвот не треба да ја совладаме планината, туку себеси.
Зошто и како се самосаботираме и како да престанеме да го правиме тоа за да си го подобриме животот?
Ние инстинктивно промената ја сфаќаме како можна закана. Затоа не е ни чудно што самите си градиме сопствени кафези и доброволно остануваме во нив, иако вратата не е заклучена. Но светлината ја наоѓаме дури тогаш кога сме подготвени да ја прифатиме темнината. Со извлекување клучен увид од нашите штетни навики, со градење емоционална интелигенција и подобро разбирање на нашите мозоци и тела, можеме да се ослободиме од минатите искуства и да дејствуваме со нашиот нависок потенцијал.
Планината си ти е повик за будење што влева надеж за надминување на сите пречки што ни стојат на патот кон себеостварувањето. Заборавете ги правилата за она на што ве учеле и свесно изберете нови уверувања за да создадете живот што длабоко го посакувате и го заслужувате“.