Период: 21 – 30 јануари 2022 година, од 439 евра
Ако сакате да бидете главни на Instagram тогаш оваа дестинација со неверојатни природни пејсажи колку што може окото да види, би било штета да не ја доловите во позадината на вашите моменти од скијање.
Ќе бидете заведени од магичните врвови, кои ве надгледуваат без оглед на сезоната. Искористете ја можноста да ги наполните батериите и да доживеете нови емоции. Заминете со срцето полно со спомени кои ќе ве држат до следната тура!
Францускиот центар Сен Жерве Мон Блан (Saint Gervais Mont Blanc), одлично скијање и спектакуларни погледи на Мон Блан ,највисоката планина во Западна Европа!
Апсолутен скапоцен камен на термални бањи!
Факт е дека скијање со врвен квалитет може да добиете на повеќе места низ Европа и Алпите. Но сепак, не може да надмине центри како монденскиот Сен Жерве Мон Блан сместен во зоната кнежевството Горна Савоја, скијање на француските алпи со додаден икс-фактор. Сместен близу швајцарската и италијанската граница, многу делови од областа нудат неспоредлив поглед на величествениот Монт Блан. Всушност, самиот врв на Монт Блан е дел од градот Сен Жерве. Една од главните атракции на одморалиштето и во лето и во зима е познатиот трамвај Монт Блан, железничка пруга која е највисока во Франција. Завршен во 1914 година, опслужува 13 различни станици до максимална надморска височина од 2.372 метри. Во зима, се оди дури до платото Де Белви.
Скијање во Сен Жерве
Главни одлики на Saint Gervais Mont Blanc – трета по големина скијачка зона на француските Алпи. Позитивно е што неговите капацитети се слични на големите алпски одморалишта, но нема толку гужва како ултра комерцијалните центри во соседството. Тоа придонесува за атмосфера без стрес, каде можете спокојно да уживате и усовршувате скијачки техники.
Има околу 445 километри патеки, во две скијачки области. Значаен аспект на Сен Жерве Мон Блан е тоа што се поврзува со 7 различни алпски ски центри. Да бидеме конкретни, има 230 различни ски патеки поделени на:
• 35 црни • 88 црвени • 61 сини • 46 зелени
Овие ски патеки ги опслужуваат 108 лифтови, жичарници, гондоли заедно со поддршка на 900 машини за вештачки снет, подготвени да “пукаат” доколку се појави потреба.
Покрај скијањето низ бројни ски патеки, во Сен Жерве има 3 различни патеки за крос-кантри скијање (20 км), каде што можете да уживате низ прекрасните шумски области и висорамнини со можноста за скијање ноќе на специјално подготвена патека. Дополнително за бордерите и free style скијачите два snow fun паркови, half-pipe, качување на лед, санкање со кучиња итн. Најсовремени технологии и туристички сервиси, ски боксови на самите терени за чување до 5 ски комплети кои може да ги резервирате преку мобилен, боксовите ја топлат и сушат опремата да биде спремна за следниот ден. Ултра современи камери кои прават мега селфи, бесплатно ги добивате на маил и може да го споделите на социјалните мрежи, технологија која делумно ја имаме на располагање и кај нас преку панорамските камери во Маврово и на Водно.
Иако ние сме тука и скијаме цело време заедно, апликацијата Saint Gervais Mont Blanc е практично решение кое асистира со корисни информации за самото одморалиште. Овозможува да следите одредени статистики, вашата позиција, маршрутата што сте ја поминале, брзините што сте ги постигнале и вашето спуштање.
Француски алпски центар за скијање со семејството
Широката мрежа на зелени ски патеки го прави Saint Gervais Mont Blanc идеален за скијачи почетници и семејства со помали деца. Големиот број школи за скијање се грижат за скијачки ѕвезди на возраст од 3 години што е дополнителен бонус. Училиштата се навикнати на меѓународна клиентела, и брзо се наоѓа инструктор со кој лесно ќе се разберете.
Во Saint Gervais Mont Blanc апрес-ски сцената е прилично тивка, иако го има популарниот La Folie Douce, нема други редици со бучни клубови и пабови, но затоа има бројни пријатни амбиентални ресторани и кафулиња. Секој кој патува со деца знае дека тоа не е секогаш најлесно. За среќа, Saint Gervais Mont Blanc може да се пофали со добри транспортни врски преку железничката станица во Ле Фаје, автопатот А40 и аеродромот во Женева на помалку од 60 km, еден час возење.
Она што одморалиштето го прави исклучително е моментот на апсолутен скапоцен камен на термални бањи, термалниот центар Сен Жерве Мон Блан. Сега во сопственост на ексклузивниот L’Oreal, повеќе од два века постои спа центар околу локалните топли извори во клисурите Ду Бонант. Водите на бањата се познати не само по нивниот релаксирачки ефект, туку и лековитиот квалитет за сериозни медицински цели и заболувања.
Покрај тоа во текот на целата година на располагање се адреналински спортови, параглајдинг, 65 метарско банџи скокање. Самото село Сен Жерве Мон Блан е идилично место за едноставно шетање, магични катедрали, барокна архитектура, центар за кремот на европското општество од 19 век. Прекрасен пример кој датира од ова време е Hotel du Mont Joly, кој дава вистинска атмосфера на елеганција на градот.
Цената за оваа тура започнува од 439 евра, сместувањето е во LES FERMES DE SAINT GERVAIS, во цената покрај сместувањето, вклучена е 6 дена ски карта, бесплатен базен, користење на лизгалиште, транспорт со бус од висока категорија, рекреативно турно скијање и фрирајд со екипата на skimacedonia. Со вас за друштво и било какви совети се водичи од прва класа, искусни скијачи и бордери, луѓе кои од прва рака десетина години се присутни на францускиот пазар благодарение на Нехар Травел како единствен македонски ексклузивен долгогодишен оператор!
Повеќе патувачки детали на линкот Нехар Травел