Промотивна акција дел од секција I3 Македонската бесконечна трансверзала

Вести

Датум: Сабота, 08.06.2024 гoдина

Промотивна акција на дел од секција I3 на Македонската бесконечна трансверзала

Ајде да ве запознаеме со еден мал, но убав дел од Македонската бесконечна трансверзала, дел од секцијата I3, на источните падини на Беласица.
Бидејќи постојано добиваме прашања за нашите активности и за содржините кои што ги објавуваме, решивме да ви претставиме еден мал дел од завршената секција на планината Беласица. Ќе имате ретка прилика први да ја посетите оваа секција од Македонската бесконечна трансверзала и да се запознаете со тимот кој посветено работи на комплетирање на истата.
Ве водиме на дел од трансверзалата која поминува покрај повеќе реки и водопади и се искачува до монолитските карпести форми, т.е. монолитските светилишта.
Ќе ве поведеме по претежно нова патека, трасирана, исчистена и маркирана специјално за потребите на трансверзалата, за на крај да го слушнеме вашето мислење за она што го работиме на терен. Ќе се движиме претежно по тесна планинарска патека, освен во првите 550м кога се оди по широк земјен пат, по првиот изминат километар во најголем дел се минува низ шума со неколку прескокнувања на потоци се до крајната точка (за учесниците на полесната опција) монолитски светилишта каде се отвора поглед на монолитите и пошироката околина, предвидено е кој сака и е спремен, да продолжи кон споменикот на Петте струмички студенти.
Позначајни точки: Кочулски ( Ѓаволски ) Водопад, Водопад Завеса, Разигран Водопад, Водопад Три Чешми, монолитски светилишта и споменикот на струмичките студенти.
Ви нудиме 2 опции со различни тежини:
Опција за сите учесници:
Должина на патеката: вкупно 13 км
Висинска разлика: 800м
Стартна точка: Бајрамбос 8 ч
Напор: Лесна
Времетраење на акцијата (вкупно): 8 часа
Опција средно тешка патека:
Должина на патеката: вкупно 18 км
Висинска разлика: 1050м
Стартна точка: Бајрамбос 8 ч
Напор: Средно тешка
Времетраење на акцијата (вкупно): 9 часа
Опрема (задолжителна / препорачана):
• Високи планинарски чевли со цврст ѓон
• Планинарски стапчиња
• Облека соодветна на времето, капа, очила за сонце, крем со заштитен фактор
• Бандана
Храна: Тоа што ќе си понесете според вашите дневни потреби (ние советуваме да си понесете сендвичи, чоколадо, житарки, сушено овошје и тн). Вода 2 л. или според сопствените потреби.
Планинарски водичи од тимот на Саммиана
Учеството е бесплатно и е со сопствен превоз.
Пријавување: ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до четврток, 06.06.2024 г.
Лица за контакт:
Гоце Монев 078 382-661
Марко Цветковски 077 760-502
Сибел Јакуповиќ 070 220-246

ВАЖНО: За оние кои што не знаат како да стигнат до Бајрамбос, собирна точка се семафорите во Валандово во 7:30 ч.

Напомени:
• Во случај на неповолни временски услови акцијата навремено ќе биде откажана
• Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици
• Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите
• Водичите го задржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот 

Претходен написи
Монографија “Звукот на тишината” од Гого Попов
Следен напис
Македонец дизајнираше за Deuter собра две награди