Докторот Кедев прв Македонец ги освои сите 14 врвови над 8.000 метри

Вести

Проф.Др. Сашко Кедев стана прв Македонец кој ги освои сите 14 врвови над 8.000 метри

Др. Кедев ја испиша историјата и направи подвиг кој не му успеал на ниту друг алпинист од Македонија.

Кардиохирургот со огромна пасија кон алпинизмот, историјата ја испиша на 20 јули во 10:44 часот, откако се качи на врвот Гашербрум I во Пакистан, висок 8.080 м.

Врвот означува завршување на последниот предизвик за д-р Сашко Кедев на неговото патување низ највисоките врвови во светот.

Стана првиот алпинист од Македонија кој ги освои сите 14 врвови во светот, високи 8.000 метри. 

Дел од експедицијата биле и Ванг Жонг од Кина и шерпасите Дава Гјалје и Нгима Нуру од Непал.

Достигнувањето на Кедев го сместува меѓу најелитните алпинисти во светот.

14-те осумилјадници кои влегоа во неговото портфолио се: Монт Еверест, К2, Канченџунга, Лоце, Макалу, Чо Оју, Даулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум II и најновиот Гашербрум I.

Претходен написи
Швајцарскиот Аndermatt египетска успешна визија?!