Сериозно загрозена иднината на легендарните трки во Венген

Вести

Една од најлегендарните трки во алпското скијање, спустот во Венген, Швајцарија, би можела да го загуби своето место во календарот на Светскиот куп, како резултат на расправиите околу финансиите со швајцарската ски федерација.

Организаторите на трките во Венген влегоа во војната со управувачкото тело на швајцарското скијање. Нешто подоцна, беше потврдено дека целиот случај ќе биде решен пред Арбитражниот суд. Следи јавна расправа откако Швајцарската ски федерација одби да предложи одржување на три трки во Венген во јануари 2022 година. Во таа пригода, раководното тело објави дека не може да ги исполни финансиските барања на Организацискиот комитет во Венген.

Организаторите на трката во Венген, тврдат дека една од причините за дискусијата е процентот на телевизиски права што ги споделуваат со Швајцарската ски федерација. И сето ова се случува додека првиот човек на швајцарското скијање, Урс Леман, поранешен светски шампион во спуст, води кампања за претседател на Светската ски федерација.

Од првата сезона на Светскиот куп во 1967 година, Венген има место во календарот на елитното натпреварување, а трките што ќе се одржат во јануари следната година ќе бидат 91-ви на Лауберхорн. Спустот за викендот традиционално привлекува околу 30 000 гледачи, а исто така е еден од најгледаните спортски настани во Швајцарија.

Претходен написи
Hintertuxer глечерот најави отварање на 29 мај
Следен напис
Босото одење го развива мозокот кај децата