Shiffrin со емотивна победа во Courchevel

Вести

Mikaela Shiffrin со емотивна победа во Courchevel.

Со прва победа на Светскиот Куп во алпско скијање по речиси една година, на прекрасен сончев ден на Француски Алпи за вкупно 67 победи во кариерата на Светскиот Куп. 

Shiffrin ја задржа предноста од првото скијање во понеделничкиот веле слалом и заврши со предност од 0.82 секунди пред Federica Brignone. Поранешната светска шампионка Tessa Worley со 1.09 секунди заостанување се избори за трета позиција.

По речиси една година, од минатиот Јануари наваму и повлекувањето по личната загуба од смртта на нејзиниот татко – Shiffrin се враќа во нејзин елемент во натпреварите од алпско скијање.

Американката проговори и за својата емотивна состојба, а пред се чуството на лутина и тага како и барањето на мотивација што го објасни како “блага тага”.

На церемонијата по завршување на трката, видливо погодената Shiffrin не можеше да ги сокрие емоциите со гест на липање се наведна над снегот и успеа да даде интервју неколку минути подоцна неможејќи да ги состави зборовите.

Shiffrin која беше секогаш пратена од нејзиниот покоен татко Jeff, а познат на гледачите како верен придружник на скијачката заедно со нејзината мајка Eileen како дел од нејзиниот тим на трките од Светскиот Куп.

Во едно меланхолично издание, даде емотивно интервју на крајот на трката.

“Навистина е тешко да се објасни. Деведесет и пет проценти во мене бев сигурна дека нема да успеам, а потоа едно мало делче од мене во вистинско време проговри и …,” Shiffrin вели за својата победа.

“Навистина се гордеам со своето скијање денеска; навистина посебно” Shiffrin said. “Се покажав и за моите тренери и мајками како и целиот мој тим и семејството. Дефинитивно не скијав сама денеска.” “Денеска дефинитивно не скијав сама,” Shiffrin изјави за Австриски медиум. “Добив сила од доста луѓе кои ми помогнаа да го изведам истото.”

“По се што ми се случуваше, Навистина не знаев дали ќе можам да се вратам на ова ниво бидејќи захтева доста енергија и фокусирање за да ја добиеш силата во твоето скијање. Но успеав, иако го правев тоа постојано – но сега сум во поинаква состојба и незнаев дали ќе успеам повторно.”

Marta Bassino пак која бркаше хет трик во веле слалом победи сезонава, сепак не ја заврши трката кога излета во вториот круг веднаш пред да почне Shiffrin.

Но интересно е што и водечката во Светскиот Куп и уште една фаворитка, Petra Vlhova излета уште на утринската трка.

Shiffrin сега се израмни со пензионираниот Marcel Hirscher на трето место на вечната листа на победи од Светскиот Куп а зад Lindsey Vonn со 82 победи.

На целта беше пречекана од Brignone, која го освои Светскиот Куп минатата сезона.

Brignone беше брза во второто скијање откако имаше трето место во утринската прва трка но со една грешка при свиок која за момент ја исфрли од рамнотежа. По трката и Brignone и Worley проговорија сентиментално за нивната ривалка.

“Мислам дека таа е многу силна,” Brignone ја опиша Shiffrin како “најдобрата скијачка во светот, технички речиси совршена”

Worley од Франција ја прегрна соперничката, а изјави дека е многу среќна и се гордее со неа.

A.J. Hurt (USA). Photo: GEPA pictures

American AJ Hurt was the next-best finish for the U.S. Ski Team in 18th. She was the only other American in points. It was the best World Cup result of her career.

Претходен написи
Кога ќе ги пуштаат лифтовите?
Следен напис
Лифтовите на Шапка почнуваат со работа од утре
Мени