Shiffrin во Чешка дојде на една победа до рекордот на Stenmark актуелен од 1989

Вести

Сведочиме историски настани, Shiffrin ја обезбеди својата 7ма титула во Слалом на Светскиот Куп и дојде до победа бр.85, на чекор до Светскиот рекорд на сите времиња

Mikaela Shiffrin’ се искачи за 85ти пат на првото место на подиумот со последната победа на Светскиот Куп изминатиот викенд во Чешкиот ски центар Spindleruv Mlyn со една доминантна победа и е на прагот на Светскиот Рекорд од 86 победи во Светскиот Куп.

И нема рамен на скијачката која со едно повисоко ниво на скијање коментаторот Steve Porino ја нарече “Shiffrin 2.0,” и “on-the-edge skier”, растурајќи долж патеката со насмевка на лицето.

Сите очи беа вперени во неа, со скијање на едно друго ниво… Неверојатни месец дена, со седум победи на Светскиот Куп.

“Имаше многу многу неверојатни трки, и не очекувам да победам на секоја трка и не очекував да дојдам до 11 победи сезонава. Ако не правам ризици и не одам на топ ниво на скијање нема да ја добијам трката. Затоа морам да се трудам да одржам највисоко ниво или нема да ја добијам трката…значи морам да бидам совршена и тоа ја чини дури по специјална оваа ситуација.”  изјави Mikaela Shiffrin за победа 85

Мора да забележиме дека нејзината кариера на Светскиот Куп започна токму во Špindlerův Mlýn речиси пред 12г. Тоа беше трка на нејзиниот 16ти роденден во Март 2011. Сигурно и самата не веруваше дека во 2023г на истиот скијачки центар ќе биде на прагот од освојување рекордна титула во историја.

Таа има убави спомени од овој настан бидејќи и во 2019г кога за последен пат се скијаше на овој турнир таа победи на слаломот. “Среќна сум и комотна овдека,” изјави таа со тоа што ја посвети последната победа во чест на нејзиниот татко.

Во нејзините интервјуа нагласи за повраток на својата ментална енергија – во изминатите три години по смртта на нејзиниот татко претрпе емоционална и ментална исцрпеност. Сеуште тажи по татко и но веќе на некој начин маглата се крена.

“Ова е прва сезона кога чувствувам дека поседувам некое ниво на ментална енергија во основа,” таа објасни.

Нејзиното скијање во изминатиот месец беше за паметење – во очи Новата година дојде до 80 победи во Светскиот Куп и од тој момент дојде до уште неверојатни 5 победи . А Shiffrin додека доаѓа до своите победи веќе ја надмина сонародничката L.Vonn!

Со своето скијање Shiffrin е на вистински колосек и дури над очекувањата па се чини дека сите останати скијаат за второто место. И не само во слалом туку и во веле слалом каде исто така е во водство и во генерален пласман.

Со други зборови, Shiffrin и со пропуштени трки во Светскиот Куп е во преден план за освојување на титула во генерален пласман.

Според неа нема притисок за бркање на рекордот:

“Навистина е посебна ситуација да си во потрага по 86та титула. Не чувствувам преголем притисок за бркање на рекордот бидејќи сум премногу блиску и сега се обидувам да земам здив и уживам во моментот во кој сум сега, мене ми е неверојатно како се одвива сезонава досега и се обидувам да го живеам моментот.” изјави Shiffrin, видно среќна и релаксирана.

Shiffrin продолжува на Светскиот Куп во Март кога има шанса за атак на рекордот па дури и за надминување со со осум трки до крајот на календарот од Светскиот Куп 2022-2023: спуст и super-G во Kvitfjell, Норвешка; slalom и GS во Åre, Шведска и финалето на Светскиот Куп во Andorra, со трки во спуст, super-G, GS, и слалом.

Со бркање на петта титула во генерален пласман на Светски Куп е во трка за уште еден рекорд со што ќе ја надмине Vonn по бројот на титули во генерален пласман во потера по легендарната Annemarie Moser-Pröll од Австрија која има шест трофеја.

Špindlerův Mlýn е последна трка на календарот на Светскиот Куп пред одржување на Светскиот Шампионат 2023г во Courchevel Meribel, Франција.

За жените настанот се отвора на 6ти Февруари со Алпска комбинација за што таа вели:

“Ако нешто научив минатата година е дека овие големи настани може да ти појдат од рака или дека може да тргнат во очајна насока и дека бездруго ќе ги преживееш, па на некој начин не ми е грижа.”

Претходен написи
Копанки Пелистер ги стартува лифтовите вторник 07.02.2023
Следен напис
Reel Rock 17 започнува во кината на 4 март