Скијачи се изгубија во маглата следеше спасувачка акција на Попова Шапка

Вести

Услови кои преставуваат сериозен алерт за безбедноста на скијачите во еден ски центар. Маглата е еден од најопасните фактори кои може да ве заведе и многу лесно да се изгубите по доловите низ ски центрите, посебно оние со поголема скијачка зона како Попова Шапка и Маврово.

Триесетина скијачи денес во рамките на ски центарот Попова Шапка беа спасени, откако се изгубиле поради неповолните метео услови, односно појава на магла и намалената видливост. Од скијачкиот центар околу 14 часот информираа дека поради слаба видливост и густа магала беа запрени шестосед жичницата, двоседот Церипашина и лифтот Ге.

„Ве известуваме дека поради појава на густа магла, заради безбедносни причини, запрени се шестоседата жичница, двоседата жичница “Церипашина” и ски-лифтот “Ге”! Во текот на денот, поради појавата на магла и намалената видливост, беа изгубени 30 посетители кои подоцна со помош на лицата одговорни во рамки на Ски-центарот “Попова Шапка” беа пронајдени, додека пак тројца од посетителите кои беа повредени, беа извлечени, од страна на спасителните служби, на пристапно место каде што со помош на Итната медицинска помош, еден од нив, е пренесен во медицинска установа за понатамошно лекување“, стои во објавата на социјалната мрежа.

Претходно и од Министерството за внатрешни работи соопштија дека полициски службеници интервенирале при пронаоѓање на деветмина посетители на Попова Шапка, откако добиле дојава дека тие се изгубиле. Деветте лица на возраст од 15 до 45 години, а биле од Скопје, Куманово и од Косово.

Претходен написи
ТРОФЕЈ СНЕЖНА КРАЛИЦА: Петра Влхова слави на Sljeme
Следен напис
Ориентација при лоши временски услови