Попова Шапка и Копанки активни недела 21 јануари

Вести

Снегот ги освежи патеките, ски центрите Попова Шапка и Копанки на Пелистер ќе бидат оперативни.

На Попова Шапка ќе работат повеќето лифтови, а на ски патеките фали повеќе снег.

Времето утре, студено со минус температури, променливо облачно со сончеви периоди , претпладне со локални врнежи од снег и постепено разведрување. Слаб до умерен ветар.

Во моментов важи забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси на одредени правци

Активни забрани:

  • Крива Паланка – г.п.Деве Баир;
  • патен правец Р1302 Струмица – Берово (за патнички возила е задолжителна употреба на зимска опрема);
  • планински премин Плетвар;
  • патниот правец А1 Демир Капија – Миравци;
  • Битола – Ресен (планински премин Ѓавато);
  • патен правец Тетово – Попова Шапка(ТМВ и автобуси);
  • патен правец А2 Струга – г.п.Ќафасан;
  • с. Рогачево до г.п. Јажинце, за останатите задолжителна зимска опрема;
  • Гостивар кон Стража (Кичево) и Маврово (кон Дебар).

Претходен написи
Снежен бран и освежување на ски патеките
Следен напис
Анхоч најави прв турнир во Теккен 8 во Македонија!