Словенија во чекор со најмодерните скијачки трендови инвестираше над 63 милиони евра во нова инфраструктура

Вести

Додека ние градиме една деценија автопат, железнички пруги кон никаде, центри кои ни рѓосуваат, снежни топови и слична опрема набавени и никогаш неискористени, регионот сезонава пушти или ќе пушти во употреба нови ски патеки, опрема, жичари, гондоли, инфраструктура во насока на унапредување на локалниот и националниот економски развој и подобра туристичка понуда.

Во случајов станува збор за Словенија.

Подготовките за новата зимска сезона на скијачките центри во Словенија во полн ек, а по долго време дури девет скијачки центри можат да се пофалат со новоизградена скијачка инфраструктура.

Националниот тендер вреден над 63 милиони евра за унапредување и инвестиции во жичарници и опрема значително подобри делови од словенечките центри.

Првично, 10 од нив го поминаа конкурсот, но проблем имаше во Крањска Гора, каде беше планирано да се постави жичарницата Витранц 1, која ќе ја замени постоечката стара жичарница. Бидејќи Крањска Гора не ги испочитувале роковите за добивање одобрение за градба, Министерството за економија на Словенија се откажа од договорот.

Krvavec, Vogel, Rogla , Kope, Velika Planina, Golte, Pohorje, Cerkno, Tri Kralja се центрите каде словенската влада подели инвестициски грантови во висина од 70-80% од вкупната инвестиција по центар.

Скоро сите горенаведени центри постигнаа од оваа сезона да ги осплужуваат скијачите со нови и најмодрени лифтови, шестоседи и четвороседи, гондоли и пропратна опрема. Изградени се и подобрена е инфраструктурата на ски патеки,  нови фан паркови и велосипедски патеки.

Претходен написи
Mikaela Shiffrin со среќен 7ми елен се поместува на подиумска листа на великаните на Алпско скијање!
Следен напис
Со сезонски карти скијате регионално