Со секоја сезонска карта купена од Попова Шапка и Маврово скијачите добиваат ски карта за три последователни дена во еден од регионалните ски центри на Копаоник, Стара Планина или Златибор, а Попова Шапка за ски центарот Колашин 1600 во Црна Гора.
Ски центрите Маврово и Скијалишта Србије потпишаа договор за соработка за сезона 23/24. Според договорот, сопствениците на сезонска ски карта од Скијалишта Србије и Ресорт Маврово ќе имаат можност бесплатно да ги користат скијачките терени на „Скијалишта Србије“ или Маврово трипоследнователни дена.
Регионалната соработка се зголемува особено поволна е ски картата на скијалишта Црна Гора која нуди дополнителни 20 дена скијање низ регионалните ски центри во Словенија, Србија, Босна и Македонија.
![](https://skimacedonia.mk/wp-content/uploads/2023/11/resort-mavrovo-sezonska-karta-skijalista-srbije-kopaonik-zlatibot-1700575678697-1024x1024.jpg)
![](https://skimacedonia.mk/wp-content/uploads/2023/11/skicenter_popovashapka-1700644085564-1024x1024.jpg)