“Snowboarding Open Day” Скопје

Вести

Ни претставува огромно задоволство да ве поканиме на првата спортска, едукативна, практична работилница за деца  “Snowboarding Open Day” 

“Snowboarding Open Day” претставува спортски настан кој е фокусиран на развој и ширење на познанството на снежните спортови, со посебен осврт кон сноубордингот.

Агенда:

1. Едукативна работилница за запознавање на Сноубордингот како спорт во нашиот регион

2. Практична работилница за Сноубординг

3. Можност за зачленување во клуб за сноубординг

Настанот ќе се одржи во ОУ Ѓорѓија Пулевски, во Општина Аеродром, на 10.12.2022 година во 12:00 часот.

Би ни било чест доколку би можеле да присуствувате. 

*Ве молиме децата да бидат во спортска опрема

*Сите дополнителни реквизити се обезбедени од страна на организацијата

Организатор Vertical Multisport / Snowboard club Skopje

Претходен написи
Виралните фотографии од снежен леопард во близина на Еверест се лажни
Следен напис
Француската луксузна куќа Louis Vuitton лансираше сопствен сноуборд