Со проектот 3K K-ONNECTION австријците ги споија Kaprun и Kitzsteinhorn

Вести

Австријците ги споија оние нешта кои природно си припаѓаа едни на други, Kitzsteinhorn, Kaprun и Maiskogel. Директно од идиличниот Kaprun благодарение на две нови ултра модерни гондолски линии под називот 3К ќе може да се транспортираат скијачите директно на глечерот Kitzsteinhorn со ski in – ski out можност. Со оваа инвестиција се овозможува непречена фрекфенција и снежна понуда за регионот од октомври до крајот мај. Отварањето на последната делница од оваа ултра модерна гондола беше на крајот од 2019та година.

Со помош на оваа конекција се овозможува панорамско уживање со вкупна должина од 12 км од Kaprun на висина 768 м, па до крајната станица на глечерот Kitzsteinhorn на 3029м.

Дополнително се прави поврзување на регионалните центри Saalbach Hinterglemm, Leogang Fieberbrunn, the Schmittenhöhe во Zell am See и Kitzsteinhorn Kaprun во една ски карта со која добивате на располагање обединета ски зона од над 400 км ски патеки, поврзани со 120 жичари и лифтови. Сето ова значи, помалку стрес, повеќе врема за забава и слободно движење.

 

 

Претходен написи
Кога ќе заврши зимата под врвовите на Галичица
Следен напис
Од денес швајцарскиот Saas-Fee направи повторно отварање
Мени