Термин на поаѓање: Петок, 10 јануари 2025 година, враќање пристигнување назад во Скопје 18 јануари.
Важен хајлајт. Espace Killy еден од најатрактивните скијачки центри во Франција, Европа и светот. Тука ќе ги видите најмодерните шалети, скапи ресторани и хотели, продавници со најдобрите светски брендови и спортска опрема, рамо до рамо со луксузот во Courchevel. Најмодерните лифтови и гондоли, ресторани на 3000 метри со готвена храна и супер избор на колачи и кафе. Километарски долги патеки и скијање до 3450 метри. Неверојатно уживање!
Espace Killy најатрактивните алпски скијачки центри во Франција, именуван по трократниот олимписки шампион Jean-Claude Killy. Центарот ги вклучува познатите скијачки ресорти Val d’Isère и Tignes на Савојските Алпи.
300 км стази кои се во зоната Val d’Isère и Tignes се само 12% од површината која ви е на распоалгање за скијање, тоа се многу слободни територии за фрирајд. Сместувањето е одма на ски патека, што би се рекло по папучи се качувате на жичара и веќе сте некаде по планината. Покрај рестораните и барови , во близина на апартманите има и маркети каде во секое време можете да набавите свежа храна и пијалоци по пристапни цени.
Патеки за сите генерации и нивоа на скијачи , 154 ски стази од нив 20 зелени – детски, 67 сини, 41 црвена и 26 црни, како и додатни 44км за cross country скијање. Ваквата конфигурација го прави L’Espace Killy идеален за секое ниво на скијачи/бордери, без разлика дали сте почетник, рекреативец или напреден скијач/бордер. Терените се протегаат во опсег од 1550м до 3456м надморска височина, а добрата поврзаност на стазите овозможува непрекинато скијање од огромни дистанци без потреба од конекција со ниту еден од 96те достапни ски лифтови или жичари. Двата глечера Pissaillas и Grand Motte овозможуваат уживање на скијачките терени дури и во летните денови.
Центарот располага со разни содржини (ски паркови, базени, спа, сауни, лизгалиште, санки со кучиња ) како и неповторливите секојдневни забави во познатиот ланец барови La Folie Douce. Услуги кои го прават центарот премиер место за зимски одмор и забава.
Val d’Iser, ултра модерно скијалиште, сместен на 1800 м, оддалечен 12 км од Tignes. Шармантен амбиент, скапи хотели и ресторани, продавници со светски брендови, продавници со најмодерната скијачка опрема. Има прекрасен поглед кон глечерот Grand Motte. Многубројни ресторани, продавници,маркети, дневни и ноќни барови, клубови, кино, затворен базен и природно лизгалиште.
Tignes, сместен покрај заледено езеро на 2100 метри. Познат и по најдобрите off патеки во Европа. Дури постои СПОТ зона за едукација и вежбање за скијање на off патеки. Се состои од 3 населби: Val Claret, Le Lac i Le Lavachet кои се поврзани со бесплатен ски бус. Дополнителната понуда е многу богата и заокружена е со модерен wellness центар и базен со бесплатен влез за иматели на skipas Espace Killy. Делот Val Claret каде што е сместувањетп е идеално лоциран, со ski IN-ski OUT сместување и во непосредна близина на возот кој вози до глечерот Grande Mote. Тука се наоѓа XXL SuperPipe, најголем halfpipe во Франција. Долг 190м, 19м широк, 7 м висок. Секако и тука не изостанува богата ноќна програма за сечиј вкус. Најдобрите ноќни клубови се Deep во Le Lac и Melting Pot во Val Claret. Ски патеката La Face de Bellevarde е високо рангирана адреналинска црна ски патека на ски мапата во Европа.
FIRST MINUTE ЦЕНА: За уплата до 30-ти Септември 2024
ПРОГРАМА
1.ден-петок. СКОПЈЕ-TIGNES-LAVACHET-LAC-VAL CLARET:Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за VAL CLARET во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
2. ден-сабота. TIGNES-LAVACHET-LAC-VAL CLARET: Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање
3. – 8. Ден. TIGNES-LAVACHET-LAC-VAL CLARET: 6 дневно скијање во Espace Killy. Ноќевање
9. ден-сабота. TIGNES- LAVACHET-LAC-VAL CLARET –СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)
10. ден–недела: Скопје: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Во цената е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје –TIGNES-LAVACHET-LAC-VAL CLARET – Скопје
- 7 дневно сместување:студиa/апартмани во TIGNES: LAVACHET / LAC / VAL CLARET
- 6 дневен скипас за стазите на TIGNES / VAL CLARET
- Туристички пратител за време на турата
Во цената НЕ Е вклучено:
- Задолжително патничко, тип Конфорт, осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 800 ден. Агенцијата го обезбедува.
- Задолжителна Туристичка такса 15€ по лице. Се плаќа во агенција.
- Постелнина, крпи, и завршно чистење на апартманите.
- Задолжителна доплата за Ски комплекс Espace Killy, ( TIGNES –VAL CLARET –VAL D’ISER– Grande Motte ), 300 km стази: 30€ во МКД во агенција при резервација.
За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар травел со Лиценца “А” бр.УЛ I 13-59, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоци кои важат според наведеното за овој ски аранжман).
Повеќе детали околу сместувањето и апартманите во прилог.