Термин на поаѓање: 20 – 29 јануари 2023 година
Важен хајлајт. Espace Killy еден од најатрактивните скијачки центри во Франција, Европа и светот.Тука ќе ги видите најмодерните шалети, скапи ресторани и хотели, продавници со најдобрите светски брендови и спортска опрема, рамо до рамо со луксузот во Courchevel. Најмодерните лифтови и гондоли, ресторани на 3000 метри со готвена храна и супер избор на колачи и кафе. Километарски долги патеки и скијање до 3450 метри. Неверојатно уживање!
Espace Killy најатрактивните алпски скијачки центри во Франција, именуван по трократниот олимписки шампион Jean-Claude Killy. Центарот ги вклучува познатите скијачки ресорти Val d’Isère и Tignes на Савојските Алпи.
300 км стази кои се во зоната Val d’Isère и Tignes се само 12% од површината која ви е на распоалгање за скијање, тоа се многу слободни територии за фрирајд. Сместувањето е одма на ски патека, што би се рекло по папучи се качувате на жичара и веќе сте некаде по планината. Покрај рестораните и барови , во близина на апартманите има и маркети каде во секое време можете да набавите свежа храна и пијалоци по пристапни цени.
Патеки за сите генерации и нивоа на скијачи , 154 ски стази од нив 20 зелени – детски, 67 сини, 41 црвена и 26 црни, како и додатни 44км за cross country скијање. Ваквата конфигурација го прави L’Espace Killy идеален за секое ниво на скијачи/бордери, без разлика дали сте почетник, рекреативец или напреден скијач/бордер. Терените се протегаат во опсег од 1550м до 3456м надморска височина, а добрата поврзаност на стазите овозможува непрекинато скијање од огромни дистанци без потреба од конекција со ниту еден од 96те достапни ски лифтови или жичари. Двата глечера Pissaillas и Grand Motte овозможуваат уживање на скијачките терени дури и во летните денови.

Центарот располага со разни содржини (ски паркови, базени, спа, сауни, лизгалиште, санки со кучиња ) како и неповторливите секојдневни забави во познатиот ланец барови La Folie Douce. Услуги кои го прават центарот премиер место за зимски одмор и забава.
Val d’Iser, ултра модерно скијалиште, сместен на 1800 м, оддалечен 12 км од Tignes. Шармантен амбиент, скапи хотели и ресторани, продавници со светски брендови, продавници со најмодерната скијачка опрема. Има прекрасен поглед кон глечерот Grand Motte. Многубројни ресторани, продавници,маркети, дневни и ноќни барови, клубови, кино, затворен базен и природно лизгалиште.

Tignes, сместен покрај заледено езеро на 2100 метри. Познат и по најдобрите off патеки во Европа. Дури постои СПОТ зона за едукација и вежбање за скијање на off патеки. Се состои од 3 населби: Val Claret, Le Lac i Le Lavachet кои се поврзани со бесплатен ски бус. Дополнителната понуда е многу богата и заокружена е со модерен wellness центар и базен со бесплатен влез за иматели на skipas Espace Killy. Делот Val Claret каде што е сместувањетп е идеално лоциран, со ski IN-ski OUT сместување и во непосредна близина на возот кој вози до глечерот Grande Mote. Тука се наоѓа XXL SuperPipe, најголем halfpipe во Франција. Долг 190м, 19м широк, 7 м висок. Секако и тука не изостанува богата ноќна програма за сечиј вкус. Најдобрите ноќни клубови се Deep во Le Lac и Melting Pot во Val Claret. Ски патеката La Face de Bellevarde е високо рангирана адреналинска црна ски патека на ски мапата во Европа.

FIRST MINUTE ЦЕНА: За уплата до 30-ти Септември 2022
Термини: | TIGNES – VAL D’ISERE | од 569€ | |||||||
20.01.2023 | Ski F R A N C E 2023 | ||||||||
Residence: SKI IN – SKI OUT | ЛОКАЦИЈА | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | |||
СТУДИО, “HOME CLUB 2” | LAVACHET | 569 | 629 | 769 | |||||
СТД.”ROND POINT DES PISTES” | VAL CLARET | 589 | 659 | 809 | |||||
СТУДИО, ” PALAFOUR“ | LAC | 599 | 669 | 819 | |||||
СТУДИО, ” BEC ROUGE“ | LAC | 599 | 669 | 819 | |||||
АПАРТМАН, “HOME CLUB 2“, 2 соби. | LAVACHET | 599 | 639 | 699 | |||||
АПАРТМАН, “HAUTE DE TOVIERE“, 3 соби. | LAVACHET | 599 | 639 | 699 | |||||
АПАРТМАН, “PRARIOND A” 2 соби | VAL CLARET | 599 | 639 | 699 | |||||
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОПЛАТА ЗА ESPACE KILLY SKI PASS : 30 €. Се плаќа во агенција | |||||||||
Цените се дадени за пакет аранжман во Евра по лице. Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мкд

1.ден-петок. СКОПЈЕ-TIGNES-LAVACHET-LAC-VAL CLARET:Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за VAL CLARET во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
2. ден-сабота. TIGNES-LAVACHET-LAC-VAL CLARET: Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање
3. – 8. Ден. TIGNES-LAVACHET-LAC-VAL CLARET: Шест дневно скијање во Espace Killy –Tignes и Val d’Iser. Ноќевање
9. ден-сабота. 22.01.2022. TIGNES- LAVACHET-LAC-VAL CLARET -СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано.
10. ден–недела: Скопје: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Во цената е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје –TIGNES-LAVACHET-LAC-VAL CLARET – Скопје
• 7 дневно сместување:студиa/апартмани во TIGNES: LAVACHET / LAC / VAL CLARET
• 6 дневен скипас за стазите на TIGNES / VAL CLARET
• Туристички пратител за време на турата
Во цената НЕ Е вклучено:
• Задолжително патничко, тип Конфорт, осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 750 ден.
• Задолжителна Туристичка такса 15€ по лице. Се плаќа во агенција, во МКД.
• Постелнина, крпи, и завршно чистење на апартманите.
• Задолжителна Доплата за Ски комплекс Espace Killy, 300 km стази: 30€ во МКД.
За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар травел со Лиценца “А” бр.УЛ I 13-59, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоци кои важат според наведеното за овој ски аранжман).
Генерален опис : Студиа /Апартмани Tignes: Lavachet –Lac -Val Claret
Сместувањето е во 4 креветни студиа, и 6 креветни апартмани. Апартманите и студијата во понудата се наоѓаат во различни резиденции/згради во деловите од Tigne регијата. Се разликуваат по површина и опременост, секој апартман е со различни мебел и содржина. Истите се на самите стази или нивната близина и во близина на Ски лифтовите. Постои бесплатен дневен шатл бус кон Тињ, како и кон Вал Дизер (со доплата).
LAC: Residence BEC ROUGE 704: СТУДИО за 4 лица, 28м2.
Реновирано студио на приземје. Тераса со поглед на југ. Ходник со кревети на спрат. 1 врата одвојува дневна и ходник. Дневна соба со: Софа тросед кој се претвара во голем кревет, телевизор, радио. Дневна соба со отворена кујна и трпезарија, 1 маса со 4 столчиња. Кујна со: фрижидер, машина за миење садови, рерна со 2 керамички стакла за готвење, микробранова. Бања со туш. Посебно WC. Сите кревети се со јоргани. SKI IN-SKI OUT
Residence PALAFOUR:
Резиденцијата PALAFOUR се наоѓа во центарот TIGNES LE LAC (2100 m), со директен пристап до ски-лифтот (лифтот Palafour и гондолата Tovière) и до точката за состанување на ски училиштата. 50 m од водениот парк Лагон, 100 m од Спортско-конференцискиот центар Tignespace. комерцијална галерија со сите продавници и услуги (скијачки продавници, француска скијачка школа ESF, супермаркет, пекара, пабови и ресторани).11 ката со 4 лифтови. Приватни шкафчиња за скијање на подрумот. На барање можен пристап до WiFi, изнајмуваме мали кутии за WiFi. На барање и да се плати однапред задолжителен затворен јавен паркинг на 50м
СТУДИО PALAF1005, за 4 лица, 28м2, 10-ти спрат.
Балкон со јужен поглед со поглед на езерото. Ходник со кревети на спрат. Дневна соба со софа на извлекување-2 единечни кревети, телевизор. Во влезниот дел кревети на спрат. Кујна отворена во дневна соба со:4 рингли, Фрижидер, Печка, Машина за миење садови.Бања со када, мијалник и WC. Сите кревети се со јоргани.
СТУДИО PALAF204, за 4 лица, 28м2, 2-ти спрат.
Тераса свртена кон југ. Топло и пријатно студио. Кујна отворена во дневна соба со:4 керамички стакла за готвење, фрижидер, печка, микробранова печка, Машина за миење садови, Машина за перење, 1 лизгачка врата го дели ходникот и дневната соба. Ходник со кревети на спрат. Дневна соба со софа: кревет на извлекување за 2 лица, телевизор.Бања со када, мијалник и WC.
Сите кревети се со јоргани
LAVACHET:
Residence HOME CLUB 2: (2100m) се наоѓа во срцето на квартот LE LAVACHET на помалку од 20 m од продавници и услуги (супермаркет, пекара, пабови, ресторани и ски продавници), 150 m од 2-те лифтови Chaudannes и Pâquis до кои лесно може да се стигне пеш, можете да користите и бесплатни шатл-автобуси за да стигнете до поаѓање со скилифт во рок од 5 минути во TIGNES LE LAC или TIGNES VAL CLARET.
Уживајте во погледот на планините и глечерот Гранде Моте (ЈУГ) или езерото Шеврил и Гранде Сасиер (СЕВЕР). Резиденцијата има 9 ката 3 лифтови, приватни шкафчиња за одлагање на скии.
На барање можен пристап до WiFi, изнајмуваме мали кутии за WiFi. На барање и да се плати однапред задолжителен затворен јавен паркинг на 100м
HOME CLUB HC145 – Студио за 4 лица – 24m². Јужен балкон.
Распоред: 2 кревети на спрат во ходник. Дневна соба со 2 единечни кревети (софи), телевизор, DVD, 1 радио. Кујна во рамките на дневната соба со грејни плочи, Фрижидер,Рерна/микробранова печка, машина за миење садови. Бања со када и мијалник.Посебно WC.
Сите кревети се со прекривки
HOME CLUB HC211- Студио за 4 лица – 24m². Јужен балкон, 4-ти спрат.
Распоред: 2 кревети на спрат во ходник. Дневна соба со 2 единечни кревети (софи), телевизор, DVD, 1 радио. Кујна во рамките на дневната соба со грејни плочи, Фрижидер,Рерна/микробранова печка, машина за миење садови. Бања со када и мијалник.Посебно WC.
Сите кревети се со јоргани.
HOME CLUB HC226- Студио за 4 лица – 21m². Јужен балкон, 5-ти спрат.
Распоред: 2 кревети на спрат во ходник. Дневна соба со 2 единечни кревети (софи), телевизор, DVD, 1 радио. Кујна во рамките на дневната соба со грејни плочи, Фрижидер,Рерна/микробранова печка, машина за миење садови. Бања со када и мијалник.Посебно WC.
Сите кревети се со јоргани.
HOME CLUB HC240- Студио за 4 лица – 24m². Јужен балкон, 6-ти спрат.
Распоред: 2 кревети на спрат во ходник. Дневна соба со 2 единечни кревети (софи), телевизор, DVD, 1 радио. Кујна во рамките на дневната соба со грејни плочи, Фрижидер,Рерна/микробранова печка, машина за миење садови. Бања со када и мијалник.Посебно WC.
Сите кревети се со јоргани.
HOME CLUB HC198- Студио за 4 лица – 21m². Јужен балкон, 3-ти спрат.
Распоред: 2 кревети на спрат во ходник. Дневна соба со 2 единечни кревети (софи), телевизор, DVD, 1 радио. Кујна во рамките на дневната соба со грејни плочи, Фрижидер,Рерна/микробранова печка, машина за миење садови. Бања со када и мијалник.Посебно WC.
Сите кревети се со јоргани.
HOME CLUB HC168/182 – АПАРТМАНИ со 2 простории, за 6 лица, 40м2.
Дневна соба со Софа тросед на извлекување-2 единечни кревети, трпезариска маса со 6 столици, телевизор. Во склоп на дневната е отворена кујна со електрични решоа и микробранова печка, фрижидер, машина за миење на садови, умивалник, шанк. Посебна мала спална со голем кревет за двајца. Во ходникот има кревети на спрат. Бања со туш. Посебно WC.
Residence HAUTS DE TOVIERE B: Résidence Hauts De Toviere B е сместен во областа Lavachet во Tignes, на помалку од 1 км од Тињ/Вал д’Изер, 12 минути пешачење од Ecole du Ski Francais Tignes le Lac.
АПАРТМАН, 3 простории, за 6 лица, 42м2. Дневна соба соба со отворена кујна со шанк и маса со 6 столици. Во дневната има Софа тросед кој се отвара во голем кревет за двајца. Во мала спална има голем кревет за двајца. Во посебна кабина има кревети на спрат.Во кујната може да се најдат машина за миење садови и микробранова печка, фрижидер, електрични решоа и микробранова печка, умивалник. Бања со туш. Посебно WC.
VAL CLARET:
Residence ROND POINT DES PISTES B106: СТУДИО за 4 лица, 24м2, 2-ри спрат, југозападен балкон
Резиденцијата ROND POINT DES PISTES е поделена на 3 згради A, B и C
Лоциран во TIGNES VAL CLARET (2100m), скилифтови на 20m (жичница), сите продавници и услуги од 20 до 100m од вашата резиденција (продавници за скијање, француска скијачка школа ESF, супермаркет, пекара, пабови и ресторани). Резиденција со лифт. Приватни шкафчиња за одлагање на скии.
Дневна соба со софа тросед на извлекување-2 единечни кревети, телевизор. Кабинска соба со кревети на спрат. Кујна во рамките на дневната соба со шпорет со 4 рингли на струја, фрижидер, печка, машина за миење на садови. Бања со када и мијалник, Посебно WC. Кревети со јоргани.
Residence PRARIOND A: АПАРТМАН, 2 простории, за 6 лица, 41м2. 1-ви спрат. Балкон со јужен поглед.
Резиденција PRARIOND во TIGNES VAL CLARET (2100m) е во непосредна близина на сите продавници и услуги наоколу (скијачки продавници, француска школа за скијање ESF, супермаркет, пекара, пабови и ресторани). Лифт, Приватни шкафчиња за одлагање на скии. На барање можен пристап до WiFi, изнајмуваме мали кутии за WiFi. На барање и да се плати однапред задолжителен затворен јавен паркинг на 50м. SKI IN-SKI OUT со лифтот Tufs.
Дневна соба со софа тросед на извлекување-2 единечни кревети, телевизор. Кабинска соба со кревети на спрат. Спална соба со брачен кревет за 2 лица. Кујна во рамките на дневната соба со шпорет со 4 рингли на струја, фрижидер, печка, машина за миење на садови. Бања со када и мијалник, Посебно WC. Кревети со јоргани.
Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како пред сместувањето. 50-100€ во зависност од големината на апартманот.
Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 12€ (единечна)-14€ (брачна) постелнина и 12€ сет крпи, по лице. Потребно е најмалку 7 дена пред тргање да се резервираат. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.
Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува 100€ по лице во студио/апартман.Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од кредитна картичка (VISA или MASTERCARD). Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови. Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови.
Повеќе детали околу сместувањето и апартманите овде.