Туристичките работници за утре, среда најавија протест во Скопје. Тврдат дека ако државата не им излезе во пресрет туристичките агенции целосно ќе банкротираат, над 5.000 работници ќе останат на улица и ќе се најдат на списокот во Агенцијата за вработување.
Поради кризата со вирусот туристичките агенции веќе 5 месеци се со клуч на врата.