Надвор од сите збиднувања во ски светот, skimacedonia како организација продолжува со своите активности да промовира скијачки дестинации низ Македонија преку организирани настани посебно за турно скијање, а преку тоа презентација и запознавање на убавините и кај странските љубители на скијањето.
Недела дена после организираниот турно настан, на Галичица направивме посета број два. Странските гости имаа ретка шанса да искусат убавина ала скандинавска тура и скијање како на фјордови. Наутро скијање, после тура враќање со едрилица. Настојуваме секогаш да нудиме ексклузивни и единствени скијачки продукти.