Уништена “зелената училница”на Галичица

Вести

Снегот се растопи, хулиганите се раздвижија.

Зелената училница дел од едукативната патека “Галичица на дланка”, дел од петгодишната стратегија за еколошка едукација на Јавната Установа Национален парк Галичица.

Наменета пред се за еколошка едукација, но и за одмор, релаксација, уживање во преубавиот поглед кон градот Охрид.

И додека ЈУНПГ активно делува на еколошка едукација и успеа да едуцира повеќе од 2000 ученици во Охридскиот регион, постапките на младите генерации и понатаму не оставаат без зборови.

“Изминатата година со љубители на планинските спортови и наши соработници, ја реализиравме кампањата “Грижата за паркот е заедничка обврска” и ги посетивме сите средни училишта во градот Охрид, со надеж дека ваквата слика ќе стане минато. Но, залудно, oваа слика, за жал е честа во НП Галичица‼️” изјавуваат од паркот.

Зошто постојано си ја уништуваме природата!?

✅️Зелената училница ќе биде обновена и приспособена повторно за едукативни работилници, а обезбедена и со видео надзор!

Претходен написи
Нов снег на Алпите
Следен напис
Уште еден македонец го искачи Еверест