Викенд планинска прогноза 17-18 декември

Вести

Ако треба да одберете еден од двата дена на викендот за движење во планина, тогаш недела ветува нешто подобро време за разлика од сабота.

САБОТА: 

Наутро и претпладне претежно облачно време, пред се во западен, централен и северен регион, каде во текот на денот се очекуваат повремени слаби врнежи од дожд до висина околу 2500 метри, а над 2500 метри слаб влажен снег. Врнежите ќе престанат кон крајот на денот.

Умерена облачност со мала шанса за дожд долж планините на јужна граница, напотегот од Галичица до Беласица.
Заради изразено југоисточно струење, се очекува прилично топло топло време.

Просечна висина на 0°С изотерма на пладне:  2600 метри.

Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:  околу 9°С.

Ветер на 1500м: Умерен до засилен југозападен.

Ветер над 2000м:  Засилен до силен југозападен.

НЕДЕЛА: 

Наутро локално со услови за ниска облачност по котлините, а со тоа и повремено намалена видливост во пониските делови од планините, особено до околу 1500 метри. Се очекува оваа облачност постепено да се намалува, но до околу пладне падините да останат со услови за повремено намалена видливост.
Нешто подобри услови се очекуваат над 2000 метри, каде облачноста ќе биде генерално помала.
Попладне очекуваме намалување на облачноста и генерално добра видливост.

Просечна висина на 0°С изотерма на пладне: 2300 метри.

Температура на слој на воздух на 1500м на пладне: околу 4°С

Ветер на 1500м: наутро слаб до умерен од север-североисток

Ветер над 2000м:  Умерен запад – југозапад

Глигор Митковски (Метеопро)

Претходен написи
Каде може да се скија периодов
Следен напис
МАКЕДОНСКИ УЧЕБНИК ОТКРИ ДЕКА МОНТ ЕВЕРЕСТ ПОРАСНАЛ ЗА 20 КИЛОМЕТРИ