Сестраната Vlhova го оствари националниот сон и дојде до титулата на Светскиот Куп, Liensberger ги совлада фаворитките за успех во слалом.
Petra Vlhova создаде историја за својата нација со освојување на титулата во генерален пласман на Светскиот Куп во саботата како прв скијач од Словачка кој е крунисан за најдобар од сите дисциплини. Petra Vlhova се зацементира како еден од најдобрите спортисти во историјата на словачката држава.
На Vlhova и беше потребен финиш во топ 15 скијачки во саботната трка на нејзиниот слалом настап и заврши со освоеното шесто место. Резултат кој на 25 годишната Vlhova и донесе повеќе од 100 поени предност пред конкурентката Lara Gut-Behrami од Швајцарија, победник во генералниот пласман во 2016г, и која не се натпреварува во слалом. Прв ваков кристален глобус за Vlhova мораше сепак да значи и жртва во титулата од слалом која ја освои минатата сезона.
“Малку сум разочарана како настапив денес бидејќи ја изгубив битката во слалом иако севкупната титула ми беше главна цел сезонава. Ова е неверојатно” изјави после трката.
Победникот на трката Katharina Liensberger која заврши 1.24 секунди пред Mikaela Shiffrin на второ место, дојде до титулата во слалом на Светскиот Куп. Michelle Gisin заврши на трето место со 1.95 секунди заостанување.
Liensberger пак ја комплетираше титулата во слалом на Светсткиот Куп заедно со златниот медал во слалом на Светсткиот Шампионат во Кортина и највеќе се докажа оваа година дека е спремна да се фрли во оган во име на победата.
Инаку Vlhova е една од ретките сестрани скијачки во се поспецијализираниот свет на Алпско скијање, која се натпреварува на сите трки. Настапот во саботата беше нејзин 30ти на патеките од Светскиот Куп сезонава, а оствари победи 6 пати. Таа изгледаше повеќе исцрпено отоколку воодушевено по завршување на трката: “Ова е неверојатно. Ова беше навистина тешка сезона за мене бидејќи направивме речиси се што можеме и бевме насекаде,” изјави Vlhova, која исто така освои и две сребра на Светскиот Шампионат во Cortina d’Ampezzo.
Патот до севкупната титула во Светскиот Куп е маратон на спринтови, севкупно 153 дена од првата трка во Soelden, Австрија на Октомври 17ти, 2020. За тие што се појавија на сите трки значи покривање на територија од девет различни земји на 29 различни натпревари со по 50 минутни трки. Само еден натпреварувач имаше учество на сите овие трки од полугодишниот маратон, Petra Vlhova.
Таа во многу потсетува на ловенечката скијачка Tina Maze која во сезоната 2013 г. настапи на сите 35 трки, плус уште 5 трки на Светскиот Шампионат со три медали, со постигнат рекорден број поени на Светскиот Куп: 2014.
Таа отпосле ги предупредуваше другите скијачки како Mikaela Shiffrin, “Никојпат не го правете тоа.” Shiffrin пак која е трикратен севкупен шампион, се фокусира на техничките натпревари оваа сезона а не настапи ниту на спуст ниту на трка од Super-G.
Нејзиниот тогашен тренер, Livio Magoni, е сегашниот тренер на Vlhova. Го има знаењето за менаџирање на една победничка сезона. Неговиот пристап кон сезонава е дека е подобро да се исцрпите физички отколку да се борите со менталниот напор, после премногу денови пауза. Од првата трка пред пет месеци, Magoni процени дека Vhlova треба да има севкупно 10 дена одмор. Меѓутоа постана самокритичен во последните трки, кога формата на неговата скијачка опадна
Можеби, Magoni веќе помислил на опцијата за пропуштање на трка/две и јавно се посомнева во својот менаџмент на трките баш кога сезоната за Vlhova доби ветер во грбот на домашен терен во Jasna, Словачка кога од својот дом и од својот кревет оствари две одлични трки кои и помогнаа да го презеде за стално водството од Lara Gut-Behrami. Минатиот настап во Шведска каде настапи во слалом но каде се откажаа двете брзински трки, значеше голема предност за сестраната скијачка.
Petra Vlhova (Словачка)
Според новинарите од Словачка, кристалниот глобус во генерален пласман ќе значи за еден од најдобрите спортски остварувања за било кој спортист на оваа земја. Во земја која е излудена од хокеј а успешните професионалени хокеари како Marian Hossa се национални херои, сепак ваквиот индивидулен успех има посебен учинок.
Титулата во генерален пласман во Алпско Скијање, вели една новинарка по име Veronika Pullmanova може да се рамни со нивото на успех на еден трикратен светски шампион во велосипедизам Peter Sagan. Словакот, кој живее во Монако пак со својата доминација на Tour de France е нивна мега ѕвезда но согласно Pullmanovа нивото на успех на скијачката е уште потешко.
Во 2016г, 15,000 фанови пак ја пречекаа тогашната фаворитка на трката од Светскиот Куп во Jasna, Veronika Zuzulova од Словачка со популација од 5милиона. Да не беше Covid, организаторите предвидуваа двоен број на посетители да ја видат Vlhova во 2021г. Ваква публика може да собере само Mikaela Shiffrin и тоа во Killington, Vermont со популација од 90 милиона.
Кога Vlhova ќе се врати дома за прес конференција се очекува вистинска инвазија од медиумскиот свет, вели Pullmanova. “Сите новинари ќе бидат присутни,” сите портали и магазини. Тешко е кревањето на малиот кристален глобус!
Mikaela Shiffrin (САД) годинава без титула.