Во организација на Халкбанк АД Скопје, како дел од HalkEco платформата чија цел е поттикнување здрави животни навики и придонесување за подобра животна средина, во Маврово се одржа првата хронометар велосипедска трка HALK VELO GREEN, во две категории, ПРО и ХОБИ.
Првите три места на трката што се одржа вчера во категоријата ПРО жени ги освоија Андријана Анастасоска, Анита Величковска и Дуња Иванова, а кај мажите првите места им припаднаа на Никола Лефков, Благоја Перуновски и Димитар Јованоски.
Професионалните натпреварувачи добија ваучер за Garmin часовник во износ од 30.000 денари за првото место, ваучер за спортска опрема во износ од 15.000 денари за второ место а за трето место ваучер за спортска опрема во износ од 9.000 денари.
Во категоријата ХОБИ жени најдобри беа, Маргарита Ставревска, Емилија Пајковска и Лидија Мано-Илиев, а меѓу мажите, Кирил Марковски прв, Ицко Димитриевски втор и трето место за Горан Солздановски.
Наградите за ХОБИ победниците се, прво место – ваучер за Garmin часовник во износ од 20.000 денари, второ место – ваучер за спортска опрема во износ од 6.000 денари и трето место – ваучер за спортска опрема во износ од 3.000 денари.
Секој учесник стартуваше на секои 15 секунди. Мерењето на времето се вршеше со чипови, кои им беа доделени на учесниците пред почетокот на натпреварувањето.