Несомнено, скијачките трки се составен дел од раѓањето на ски бизнисот.
Напис на Aspen Times добро ја раскажува приказната за придонесот на Roch Cup за раѓањето на скијачката зона Аспен. Како беа инсталирани лифтовите и се создаваа бизниси, новите ски зони користеа, ски клубови и скијачки трки за да привлечат луѓе, туристи и внимание. Имено, скијачките трки беа организирани, планирани пред и воопшто да има ски терени каде би се натпреварувале.
Во тоа време, смелиот карактер на овој екстремен спорт, хазардерите и шарени дреч личности кои учествуваа на скијачките трки создадоа возбуда што привлече многумина кон светот на скијањето.
Во следните децении, скијањето стана мејнстрим, привлече милиони скијачи ширум светот, создавајќи одморалишта и бизниси кои генерираат милијарди приходи и стотици милијарди во вредност. Огромна туристичка, градежна и машинска индустрија.
Растечки болки
Со оглед на тоа што лифтовите и патеките станаа попреполни, затворањето на патеките за тренинг предизвика поплаки од скијачката јавност и туристите. Големата побарувачка за скијање донесе гужви што ги исполни паркинзите, рестораните и сместувањето. Паралелно со тоа се отежнуваше работењето на клубовите, нивниот соодветен тренинг, кои од друга страна беа интегрирани и важни во основањето на скијачките центри и длабоко поврзани со историјата на нивните домашни ски терени.
Дополнително, со право или не, брзото или неодговорното скијање често се поврзува со тркачите. Спроведувањето на тренинг и организирање на трки стана потешко и поскапо. Ги зголеми трошоците за спортот и го направи поексклузивен.
Спорт и наптреварите кои се гледаа како алатка за да се основат ски центри во планината, а потоа и да се привлечат туристи сега се гледаат како “сметачи”, нешто што зафаќа простор, простор кој може да се искористи за клиенти со повисоки приноси.
Сè повеќе, поддршката на трките како маркетиншки трошок, спортски инкубатор или општествено корисна работа се пренесува за да стане неутрален приход и на крајот уште еден прилив на приходи. Како и со сите текови на приходи, бизнисите често се обидуваат да го максимизираат својот профит. Со други зборови, скијачките трки беа монетизирани.
Историјата докажува дека скијачите односно натпреварувачите продолжуваат да уживаат во спортот цел живот, финансиски ja поддржуваат заедницaтa во коja гравитираат и се дел од поироката слика на скијачката индустрија во многу области.
Ако скијачкиот спорт сака да обезбеди одржлива индустрија, зар тие не се страсните клиенти што сакаме да ги негуваме? Гледајќи долгорочно, инвестирањето во скијачки трки е инвестиција во нашите бизниси. Достапноста е критична. Ако само децата на богатите може да учествуваат, а локалните деца можат само да гледаат, ја ограничуваме базата на идните учесници, туристи и бројот на вработени.
Корисно е да постои функционален систем кај натпреварувачката страна на спортот каде ќе се идентификуваат талентите, помош во финансирање на заслужните при нивните тренинзи и натпреварувања додека промовираат здрав, забавен и достапен спорт блиску до дома.
Заедницата може да работи заедно за да ги елиминира непотребните ексцеси достапни исклучиво за клубови или поединци со добро ресурси. Да се реформира начинот на кој се структурира спортот за да се осигура дека напредокот и поддршката се темелно засновани на заслуги. Со текот на времето, тие мали промени ќе направат значителна разлика. Треба сите да го напраавт својот дел од кревањето тешки тегови насекаде за да се направи значајни позитивни промени.