Фрирајд/Туринг скијачки чизми skimacedonia селекција 2023

Вести, Опрема и Совети

Ви пренесуваме една селекција на скијачки чизми наменети за туринг и фрирајд, но и модели кои без проблем можете да ги користите на процесирани патеки во рамките на ски центаср. Модели сезона 2021, 2022, 2023 +

Низ годините акумулирано искуство иако се носеле и скапи специјализирани брендови сепак некои брендови од старата школа веројатно се по многу основи водечки во своето искуство и капацитет да развијат соодветен модел со квалитетни перформанси. Некои скијачи, па и бордери користат или прашуваат за boa системите , но тоа се додатоци кои веројатно се повеќе продажна иновација наспроти реално упростување и добиен квалитет при употреба.

Модели селектирани според споделени лични и искуства на скијачи кои гравитираат околу skimacedonia , па доколку се двоумите кој бренд или модел треба да го набавите можеби оваа кратка селекција ќе ви помогне. Деталите можете да ги ѕирнете во краток преглед подоле, а за детален преглед секако нивните матични страници.

ATOMIC-BACKLAND-EXPERT-W-SKI-TOURING-BOOTS-BLACK

Моделот е женска варијанта но по перформанси ист како и машката варијанта. Со овие специјализирани и повеќе турно ориентиран модел ќе добиете крила и поголема леснотија при искачување. Но и извесна стабилност и цврстина за поголем притисок и силно скијање надоле. Овој модел и систем на заклучување дава поголема силина во однос на boa варијантата.

Fischer Ranger 130, водечка по тежина и технологии за фрирајд и туринг, особено со своите 1590 грама тежина , 130 флекс, опремена со гумиран ѓон, инсерти за туринг пин везови. Ranger гарантира супер контрола низ стрмните кулоари на секоја долина која ќе ја изберете.

Shift Pro 130 AT Salomon, по тежина 100г потежок, но со слични перформанси како и Ranger-от на Fischer, 130 флекс. Кај овој модел фали гумирано подвозје за поголем грип. При одлука секако би влијаело идеалното легнување на стапалото, како и моментот дали повеќе ќе се користи фрирајд или туринг.

TECNICA ZERO G PEAK CARBON, 980 грама тежина, поседува се што треба да содржи една туринг чизма,повеќе ориентирана за долги туринг денови, помалку за стрмни силни скијање кои се чести во текот на денот.

Подоле во прилог дополнителни модели како алтернатива, кои поседуваат сличности во перформанси, но и адаптибилни според потребите и буџетите со кои располагате.

TECNICA ZERO G TOUR SCOUT WOMEN

DALBELLO QUANTUM FREE WОMEN

ATOMIC HAWX ULTRA XTD 130 GW CEMENT

SALOMON SHIFT PRO 110 AT

TECNICA COCHISE PRO WOMEN DYN

HEAD KORE RS 130 GW 

Претходен написи
Врската на скијачките трки со бизнисот со скијање
Следен напис
UIAA советува – Десет работи во предвид кога купувате опрема за качување