Wizz Air ја продолжува суспензијата на сите летови до 13ти јули

Вести

Wizz Air денес најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Република Северна Македонија ја продолжува суспензијата на сите летови до 13ти јули 2020 година.

Патниците со резервирани билети од суспендираните летови кои направиле резервации директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака.  Сто и дваесет проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите за која треба подолго време да се реализира и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети, соопштува Wizz Air.

Претходен написи
Хотелите треба да се пријават за туристичките ваучери
Следен напис
Сериозна локална обсервација на временски услови наскоро на веб
Мени