Алпинисти од САД и Хонг Конг поставија нови рекорди за искачување на Монт Еверест

Вести

Алпинисти од Соединетите Држави и Хонг Конг поставија нови рекорди, откако оваа недела го искачија Монт Еверест, соопштија во петокот службите за планинарење.

Артур Муир (75) во неделата стана најстариот Американец кој се искачил на врвот од 8.848,86 метри, изјави официјален претставник на компанијата што ја организираше експедицијата.

„Артур Муир е најстариот Американец на 75 години на врвот на Монт Еверест“, изјави Гарет Медисон, водач на експедицијата во планинарската компанија Медисон. Муир го победи рекордот поставен од Бил Бурк, кој стана најстариот Американец кој се искачил на планината на 67-годишна возраст во 2009 година.

Исто така, 45-годишната Цанг Јин-Хунг од Хонг Конг го искачи Еверест за помалку од 26 часа – најкратко време направено од жена откако тргна од базниот камп. Со тоа, Хонгконшката Ада Цанг Јин-Хунг постави светски рекорд за најбрзо искачување на Монт Еверест од страна на жена.

Цанг тргна од базниот камп во 13:20 часот по локално време минатата сабота и го достигнаа врвот во 15:10 часот следниот ден. Со тоа, таа го победи рекордот поставен од Непалката Фуњо Џхангму Лама во 2017 година, која се искачи на Еверест за 39 часа и 6 минути.

Претходен написи
Скијачката легенда на кого му се восхитуваше Југославија, остана без покрив над глава
Следен напис
Историјат на кулата на Титов врв