Водечката во спуст Goggia го пропушта главниот настан сезонава

Вести

Олимпискиот шампион во спуст Sofia Goggia ќе го пропушти светскиот шампионат месецов во Cortina d’Ampezzo откако се здоби со скршеница на коленото во неделата. Италијанска скијачка федерација изјави дека Goggia паднала при скијање вон натпреварите заедно со други колешки по падините на Garmisch-Partenkirchen, Германија во неделата. Ова се случува откако се одложи super-G натпреварот заради магла во понеделник.

Во Клиниката La Madonnina во Милано е дијагностицирано фрактура на коска во десното колено со што е јасно дека Goggia е во аут.

Goggia беше главен фаворит за натпреварот во спуст на 13ти Февруари на светскиот шампионат во Cortina d’Ampezzo, Италија. Таа доминираше во спуст сезонава и победи во последните четири трки во оваа дисциплина.  

Незгодата за Goggia доаѓа година откако заработи фрактура на нејзината лева рака на истата патека во Германија со што ја заврши сезоната. Оваа 28 годишна скијачка од Италија позната по спектакуларен и ризичен скијачки стил, а не ги штеди своите колена по тешките незгоди.

Како тинејџерка, таа ги искина лигаментите на двете колена во две паѓања во 2010г. Во 2013г ја пропушта Олимпијадата во Сочи откако излетува во спустот во Lake Louise.

Иако се враќа наредна сезона, таа има повторно проблеми во Јануари 2015та …додека пак го пропушти почетокот на сезона 2018-2019 откако скрши зглоб во предсезоната.  

Светскиот Шампионат во Cortina d’Ampezzo се отвара за натпреварите од жените на 8ми Февруари.

Каква е Sofia позади сцена

Претходен написи
Lara Gut со уште една победа во super-G четири за ред
Следен напис
Ирина Дишовска и Лазо Миновски кампуваат на Шара во зимски услови