Деца и планини

Опрема и Совети

Планинарење и деца: Хиперактивните ги смирува, срамежливите ги охрабрува. Низ дружење со природата ќе ги научиме нашите деца повеќе да ја почитуваат и заштитуваат од унишутвање.

Интересно е да се надгледува како децата од денешната дигитална ера, кога се во природата брзо почнуваат да го почитуваат избалансираниот ритам на природата.

Хиперактивните ги смирува, а оние посрамежливите природата ги балансира и им дава повеќе самодоверба.

Децата во природата можат да бидат деца, може и треба да ја почувствуваат слободата на движење, да дишат чист воздух, да ја запознаваат околината, да ги соберат плодовите на природата, да се радуваат на секој растение, бубачка, цвет или капките дожд!

Излезете во природа, планинарете, поминете квалитетно време со вашите деца на свеж воздух и оставете ги да се однесуваат баш како деца,  дозволите си и детето во вас среќно да излезе на површина!

Често се случува луѓето на планинина спонтано во еуфорија да викаат, да пеат,  како поттик предизвикан од обновувачката енергијата на планините!

Планинарството бара дисциплина, како на телото така и на умот. Времето поминато во природата е добро за нашето здравје, но за жал се помалку време минуваме во природа, а се повеќе седиме во некој вирутелен дигитален свет.

Низ дружење со природата и планината ќе ги научиме нашите деца повеќе да ја почитуваат и заштитуваат од унишутвање. Во нив ќе се развие почит и благодарност, а ќе ги освестат и природниот тек и век на трансформацијата.

Планините отсекогаш завземале посебно место во духовноста на светските цивилизации. Секоја цивилизација има своја планина. Ние го имаме Кораб, мистичниот Љуботен, Пелистер, Беласица па и локално некое врвче сигурно кај многумина од вас создава некоја слика на мистика и енергија.

Во планините доминира вертикалниот елемент. Ако одиме нагоре, се фокусираме на една точка, додека спуштањето ја поттикнува периферната свест, свеста за постоењето на панорамата и широкото. Кога одиме со нормално темпо, ниту  брзо, ниту споро, се чувствуваме како едно со светот.

Секогаш постои атмосфера на заедница на планината со деца, кога ги водиме децата во природа, изгледаме како некоја хипик екипа од седумдесетите! Играта надвор, потсетува на минатите времиња каде често бевме надвор за разлика од денес кога нашите деца се лишени од оние основни природни нешта.

Едноставен рецепт за да не закржлават сетилата на нашите деца е престој во природа и на планина. Планината ги дава оние поразлични амбиентални ситуации во однос на парковите во град.

И, се разбира, при пешачење со деца неизбежно е и прегрнување на дрвата, oбидете се! Покажете им да даваат љубов кон природната околина.

Престојот во природа не е само за чист воздух, во природа најдобро не се учи само за животот во природата, но и за животот воопшто.

Многу планинари се свесни дека на планините не постојат статусни симболи, пријателство не се мери по брендот на патиките или телефонот, туку по меѓусебните чувства на среќа и насмевки кои ни ги предизвикала добрата панорама или подавањето рака при преминувањето преку карпите.

Храната е особено вкусна на планина, а децата при планинарењето делат се, од чоколада до вода. Пријателствата се зацврстуваат, децата одат заедно со истите напори до врвот на планината. Поттикнува и самодоверба, бидејќи на планината нема предавање, а совладувањето на пречките ги зајакнува, а тоа се рефлектира и на нивниот пристап кон проблемите во секојдневниот живот.

Планинарењето е убедливо една од најздравите активности, фактот дека тоа се одвива во природата низ убави и диви места , уште повеќе му даваат важност на планинарењето. А чувството на духовно задоволство кое ја надминува потребата за материјалното, ќе ги унапреди вашите деца во суштината.

Затоа извадете ги во природа и планинарете низ дивината!

Претходен написи
Децата треба да бидат во природа 4-6 часа секој ден
Следен напис
Словенечкиот сон: Elan слави 75 години откако го промени начинот на скијање.