Заврши Ехо Фестивал на планински филм 2020

Вести

Заврши Ехо Фестивал на планински филм 2020. Во помалку чудна атмосфера за овој фестивал, кој го знаеме по својата масовна посетеност, во полупразното кино Милениум. Но ете, фестивалот се одржа дури и во вакви вонредни околности, со маски и протоколи, сосема неповолни за љубителите на планината. За крај, беа доделени овогодинешните наградите и беше прикажан последниот филм „На тенок мраз“.

Најпрвин тоа беа наградите за најдобра фотографија, натпревар кој традиционално се одежува секоја година. Според фото жирито на Ехо Фестивал на планински филм 2020 во состав, Горан Кузмановски, Александар Дончев и Алесио Ликуори, победниците во фото конкурсот со тема “Македонија Прекрасна” се:

Прво место: Автор: Влатко Рафески

Наслов – Нека сјае Локација – Корабски водопад

Зајдисонце на корабски водопад за време на планинарски викенд, прва половина од јуни 2020. Опрема – Nikon

Што се однесува пак до наградите, жирито составено од Јержи Порембски (Полска), Руслан Вакрилов (Бугарија) и Илија Циривири (Македонија) направи избор на најдобрите филмови, оценувајќи ги филмовите во официјалната натпреварувачка селекција од ЕХО 2020. Во продолжение проследете ги и наградените филмови во соодветните категории:

Everest – the hard way, Directed by Pavol Barabas

Grand Prix, 11th Echo Mountain Film Festival, 2020

Allein, Directed by Franz Walter, Best Short Film

Ocean to sky, Directed by Michael Dillon, The best feature film

 

UFO, Directed by Jan Šimánek, The best mountaineering movie

Paradice (Journey to Frozen Waterfalls), Directed by Daniel Bleuer, Jonas Schild, Nicolas Hojac

The best movie for climbing

Sickerheit123, Directed by Julia Gutweniger, Florian Kofler, The best film about culture and nature

Конечно заокружувањето на фестивалот беше со филмот „На тенок мраз“ (Хенри М. Микс/Боас Шварц, Германија, 2020), вистинско ремек дело со застрашувачки пораки околу климатиските промени. Се случува во Русија, но не засега сите. Филм кој изобилува со обземачки фотографии и приказни од една од најизолираните области во светот – Арктикот, чиј две третини и припаѓаат на најголемата земја во светот.

Само Сибир има големина како Австралија. Огромно парче земја, врамено во замрзнати мориња. Големи делови од северна Русија се забранети за пристап со децении. За прв пат, научници од целиот свет, започнуваат да ја истражуваат оваа огромна област и тоа што го откриваат е алармантно. Огромни кањони и „мега одрони“ се случуваат таму каде што порано имало бескрајни шуми. Огромни слоеви мраз се растекуваат и откриваат остатоци од античката сибирска мега фауна. Стотици страшни дупки испуштаат метан од длабочините и тоа има 80 пати посилен „грин хаус“ ефект од јаглеродниот диоксид. Реките ги губат водите и големи дини во овие суви речни корита, прават централен Сибир да заличува на Сахара. Шумските пожари се движат преку тајгата секоја година и некогаш замрзнатиот Северен премин – станува минлив. Идината на многу животни видови е ставена во прашање. Дивите ирваси ја менуваат својата годишна миграција. Очајни по храна, поларните мечки навлегуваат во селата, па дури и во градовите. Репродукциското ниво на ретките арктички галеби драстично опаѓа…

Последно и не помалку важно, животот на номадите кои чуваат арктички ирваси – скоро непроменет со илјадници години, сега е под притисок. Нивниот живот буквално се топи. Во рускиот Арктик, климатските промени повеќе не се прашање. Тие се случуваат – сега и со загрижувачко темпо. Научниците велат дека моментот на пресврт е случен пред повеќе години. Сега, Пандорината кутија веќе е отворена. Судбината на луѓето и дивиот свет се во опасност во целиот Арктик.

Фестивалот заврши, но планините остануваат тука. Доколу не не затворат повторно, се гледаме на отворено, а со надеж за подобро утре, ќе се видиме наредната година во едно нормално издание на фестивалот.

 

 

Претходен написи
Alberto Tomba La Bomba именуван за спортист на столетието
Следен напис
Шанса за помирен сон на сите бајкери осигурување на велосипеди!