Како да се искачите на седумте врвови

Вести

Сакате да  се пробате на седумте врвови? Кои вештини ќе ви бидат потребни и колку ќе чини секоја фаза? Еве што треба да знаете за да започнете.

Вештини

Килиманџаро е најдоброто место за почеток. Тоа е релативно едноставно планинарење до врвот на највисокиот врв во Африка. Под услов да сте фит и здрави, самото патување нема да претставува никакви проблеми. Сепак, на 5.895 метри, висината не е шега. Планинарите треба да внимаваат на знаци на висинска болест, особено ако ова им е прв голем врв.

По Килиманџаро работите стануваат посложени. Сите шест преостанати врвови бараат основни планинарски вештини. Повеќето компании за водење предлагаат по Килиманџаро да се земе краток курс за планинарење или претходно да се стекне искуство на локалните планини или низ локалните клубови. Треба да научите одење со дерези, користење цепин, спасување од краваси, искачување по мраз и сл.

Откако ќе ги поминете основите, можете да се упатите кон Аконкагва или планината Елбрус. Елбрус е технички позахтевна, но Аконкагва е значително повисок врв, претставувајќи различен сет на предизвици. Секој од нив бара добро ниво на кондиција и основни вештини за снег и мраз.

Следен е Денали. Денали е опасен врв и бара повеќе искуство и умеење во основното планинарење. Ова е честопати првиот камен на сопнување за седумте врвови.

Следната е планината Винсон, која бара скапо патување до Антарктикот. На 4892 метри, височината на Винсон нема да ве предизвика по Аконкагва. Сепак, патувањето на студ, ветер и глечер ќе ја тестира вашата цврстина.

Најтешкиот од седумте врвови

Конечно, останувате со Пунчак Јаја и Еверест. Пунчак Јаја останува за подоцна заради некои технички делови за кои се потребни вештини за качување по карпи, нешто што е непотребно на претходните врвови. Краткото, стрмно искачување бара техники на абзел и користење жумар. Историски гледано, најтешкиот дел од експедицијата е стигнување до планината. Екипите порано пешачеле една недела со опрема низ џунглата, ризикувајќи болести, повреди и повремени пресметки со непријателски племиња. Сега целосно го прескокнуваат овој дел и одат со хеликоптер директно до базниот камп.

Еверест е сосема поинаков предизвик. Тука екстремната надморска височина и променливото време се вашите најголеми грижи. Огромното мнозинство на планинари најмногу се потпираат на поддршката на Шерпасите, како и на изобилство на боци со кислород.

Вреди да се напомене дека искусни алпинисти кои сакаат да постават рекорди на брзина, понекогаш ја превртуваат оваа листа, почнувајќи од Еверест.

Цена за искачување на седумте врвови

Како и секогаш, цените варираат во зависност од компаниите што ќе ги изберете, вашите способности за искачување и потребите за една експедиција.

Неколку аутдор блогови ги сумираа цените од најголемите водечки компании за патувања до секоја планина, па просечните цени за секој врв изгледаат вака. Секако во своја режија, во македонски услови, со малку импровизација и со помош на трикови и магија, цените за нас би требало да се пониски. Покрај овие трошоци, ќе треба да потрошите пари за опрема за качување, облека, осигурување и меѓународни летови, со што значително ќе се покачи и цената.

Пунчак Јаја – 23.480 УСД

Еверест – 67 486 УСД

Винсон – 43.800 УСД

Денали – 9.991 УСД

Аконкагва – 7.008 УСД

Елбрус – 4800 УСД

Килиманџаро – 5.570 УСД

Десетдневен курс за алпинизам – 4.000 УСД

Вкупно: 166.139 УСД

Претходен написи
Интересни факти за Монт Еверест
Следен напис
Сем Хјуган ќе глуми во планинарската драма Еверест