Со бесплатен ден, од утре 17 декември 2020 започнува ски сезоната на Попова Шапка.
Невообичаено снегот не почасти порано па и центарот подрани со отварање. Шапка е целосно подготвена за непречено и безбедно функционирање, спроведени се технички подготовки, извршено е маркирање на постојните патеки. За утрешното скијање во функција ќе бидат ставени жичниците „Св. Илија“ и „Церипашина“ и лифтовите „Аеродром“ и „Ге“. Заради минатогодишната скратена сезона,како што вети центарот, ланскиот сезонскиот ски билет ќе важат и оваа сезона. Од тие причини, центарот ги повикува сите клиенти кои имаат лански сезонски ски билети во хотел „Попова Шапка“ истите да ги реактивираат.

Сезонава ќе важат вообичаените цени на ски карти. Дневниот билет, од 9 до 15:30 часот, ќе се продава по цена од 1.000 денари, полудневниот билет, кој важи од 12 до 15:30 часот, е 700 денари. Билетот за ноќно скијање, кој важи од 19 до 22 часот, е 500 денари. За сите билети се наплаќа повратна кауција во висина од 150 денари. Новина е можноста за туристички разгледување со ратрак ски такси по цена од 6.500 денари од час. Центарот ќе работи согласно донесените Протоколи за работа на ски – центрите во земјава од страна на Владата на Македонија, заради превенција и заштита од актуелната пандемија на Ковид – 19.
фото 12 декември, skimacedonia





