Легендата Shaun White по својот последен настап со искрено и емотивно интервју за Olympics.com.
Дали најпознатиот сноубордер на сите времиња Shaun White кој е трикратен освојувач на златен медал се пензионира по oлимпијадата? На свои 35 години и настап на петта oлимпијада, пoвеќе нема што да докажува. Бркајќи го својот четврти златен медал во halfpipe, сепак се струполи на третиот обид и заврши четврти. Толку беше, со расплакано лице тој на крајот и мавта на публиката додека на прво место изби jапонецот Ayumu Hirano (двапати сребрен на oлимпијада).
Потоа преплавија пораки на социјалните мрежи со љубов и благодарност за White во Кина од светските спортски великани како Tom Brady и David Beckham:
“Честитки до Shaun White за неверојатната кариера 💯” постираше тазе пензинираната легенда Tom Brady на Instagram, а неговиот пријател David Beckham изнареди пофалби на неговата Insta stories: “Честитки на @shaunwhite за неверојатната кариера. Респект за најголемиот. По 20 годишна доминација во спортот , најголемиот се повлече.”
За “Белиот” следеше патување на Super Bowl 2022 во ЛА кој се играше во неделата вечер. “Одам директно на Super Bowl,” расплаканиот White изјавува за Olympics.com откако заврши со настапот на олимпијадата и отпоздрави на публиката на финалниот натпревар во сноуборд halfipipe за него на една Зимска Олимпијада. Од Beijing директно на Super Bowl во LA: “Никогаш не сум бил на тој натпревар, а го имам на листата на желби и веднаш ќе го прешкртам,” изјави White.
Shaun White говори за повлекување.
“Здраво, јас сум Shaun White, трикратен златен Олимпиец и сега пензиониран сноубордер од САД. Ова многу добро ми дојде. За прв пат да го изговорам” изјави во интервјуто за Olimpics по својот последен настап во halfpipe.
Shaun White кој се натпреварува во сноуборд дисциплините уште од дете, првиот спонзор го имал уште на седум години, а се настапува на пет oлимпијади кај што освои три злата. Победник е 13 пати на Winter X Games. “Многу сум среќен со се што се случува и со реакциите од моите пријатели и колеги од спортот како и сите што ја гледаат oлимпијадата. Реакцијата е неверојатна, и ова навистина ми го грее срцето и ме крева над моментот. Сиот живот го правам ова и со право сум доста емотивен на крај од последната трка”
“На Олимпијадата има голем притисок и игра на нерви, и многу надежи кај луѓето кои доаѓаат да настапуваат. Едно неверојатно чувство е кога цел свет те гледа и го носиш сиот тој притисок. Со мало разочарување за последниот резултат оставам доста позади себе. Возбудлив ден. Сепак знаете дека е натпревар со судии кои си имаат свое мислење и е тешко, го правиш најдоброто што можеш и се надеваш за највисоки оценки.”
Што највеќе ќе му недостасува?
“Овој спорт е меч со две острици, бидејќи има анксиозност во целава работа но си навистина жив со тоа. Работите се менуваат и одат наопаку многу бргу, но кога ќе ги склопиш совршено тоа што е замислено тогаш ова неверојатно чувство на исполнетост ја надминува забавата. Очигледно се забавуваме и правиме дружба но тоа ниво на исполнетост кога ќе си поставиш некоја цел и ќе је оствариш, после сите тие падови и тешки моменти, да направиш резултат е врвот. Тој момент кога ќе застанеш на подиум и ќе ја примиш наградата за твојата напорна работа, ствара несомнена зависност. Тоа најповеќе ќе ми фали, но верувам дека има и многу други начини за се доживее таква возбуда и ќе истражувам кои се тие можности.”
За што се кае?
“Успони и падови, тоа е како еден целосен круг кога одеднаш сфаќаш дека ако не се случеше тоа и ова немаше да ми се случи сега, и каква траекторија ќе ја имаше животот доколку работите беа поинакви. Така што во овој момент немам многу што да жалам. Многу сум возбуден и тоа е оваа Олимпијада за мене, како победнички последен круг. Едноставно уживај го моментот и ако работите не одат по план и тогаш е океј.”
Shaun White: од спиење во ван на паркинзи до врвот на светот.
Тој научил да сурфа на планините San Bernardino во Јужна Калифорнија…со неговото семејство и вели: “Моите родители ме возеа секој ден до планината и спиевме во комбе за да го фатиме денот рано наутро. Лудо е како од таму стасав до Олимписките игри. Тие се навистина неверојатни и ова го осознаваш како старееш. Тие ме пратеа во секој чекор. Мајками секако е многу горда и беше среќна и за првиот златен медал. Но можеби имав нешто да докажам, иако тие ме почитуваат што сум тој што сум без сите овие работи”.
По две децении неверојатни успеси, без оглед што White сега гледа подалеку од професионалните настапи во сноуборд тој сигурно останува во спортот. Неодамна лансираше сопствен lifestyle бренд и компанија Whitespace заедно со неговиот брат во доменот на спортска, сноуборд облека и опрема со која настапи на Олимпијадата.
“Има многу убави нешта кои ми се случуваат во животот, односно во деловниот живот, каде имам големи планови да останам во спортот и да правам многу различни нешта.,” изјави оваа година White за време на Олимпијадата каде го промовира и својот бренд.