ПК Трансферзалец ја подготвува следната VI сезона 2021/22 од Планинарскиот предизвик “12 Врвови”. Во новата сезона планинарите ќе имаат можност да искачат 12 ретки и специфични врвови кои се прикажани на мапата. Планинарскиот предизвик наречен „12 врвови“ опфаќа искачување на 12 планински врвови, одбрани според своето специфично значење, на различни планини по целата територија на Македонија, во организирани еднодневни планинарски акции-походи еднаш во месецот во текот на целата година. Тематиката за искачување на 12 врвови во текот на една година може да биде одредена според: најголемата надморска височина на врвовите на одделните планински венци, ретката посетеност и познатост, природните географски одлики како поставеноста на леднички езера во нивните подножја, природните биолошки одлики како застапеноста на ретки и ендемични растенија и биолошки видови на нивните падини или пак според значењето кое врвовите го имаат во историјата, археологијата, културно-историското минато, народното творештво, приказни и преданија. Следете ги нивните настани за повеќе информации.
Нова сезона од Планинарскиот предизвик „12 Врвови“
Претходен написи
Ekcплозии на Галичица: Пожарот од Албанија премина на територија на Македонија
Следен напис
Проверка со партнер