Новите филмови на REEL ROCK 15

Вести

Најновото издание на најголемите качувачки приказни кои ќе ви донесат возбудлива акција, голема смеа и вистинска инспирација, REEL ROCK продолжува и оваа година. REEL ROCK качувачкиот документарен серијал стигна до своето 15 издание, во чии рамки ќе биде повторно претставена најновата колекција на возбудливи качувачки филмови кои ги прикажуваат најголемите приказни и атлети во рамките на качувањето.

Ловејќи ги најголемите приказни од качувачката година, четирите нови филмови на REEL ROCK 15 ви даваат нова доза на инспирација, храброст и хумор. Сведок на незамислив триумф на одлучност, епско патување низ самооткривањето, магична авантура низ целиот свет и експедиција за градење врски што засекогаш ги менува животите.

Филмовите кои ќе бидат дел од годинешново издание се следните:

ДЛАБОКИ КОРЕНИ

Личното патување на Лони Каук да ги одбележи неговите домородни Јосемитски корени и да се поврзе со неговиот легендарен татко повторувајќи ги неговите искачувања.

ДИРЕКТНА АКЦИЈА

Французинката Мелиса Ле Неве помина седум години борејќи се со луди потези, внатрешен сомнеж и товарот на историјата за да ја искачи најпочитуваната спортска насока на земјата.

ПРВО ИСКАЧУВАЊЕ / ПОСЛЕДНО ИСКАЧУВАЊЕ

Најдобрите пријателки Хазел Финдлеј и Меди Коуп патуваат до карпестите делови на Монголија, на кихзотична потрага по нови традицинални смерови.

ЦРН МРАЗ

Екипа на надежни качувачи на мраз од салата Мемфис Рокс патуваат во замрзнатата дивина на Монтана, каде менторите Маноа Аину, Конрад Анкер и Фред Кембел ја споделуваат својата љубов кон зимската авантура на планините.

***

REEL ROCК проекциите ги прикажуваат најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката ширум светот и се духовни настани каде алпинистите, авантуристите и љубителите на природата се здружуваат за да ја прослават и искусат сржта на авантуристичкиот филм. Дел од забавата на REEL ROCК настаните секогаш се и различните презентации, доделување на награди, присуството на врвни алпинисти, кратки филмови и претставувања.

Претходен написи
Викендов конечно брзите дисциплини SUPER-G во St.Moritz
Следен напис
Важноста да се биде безкорисен