Федерацијата за планинарство на Македонија (ФПСМ), традиционално и оваа година ќе се приклучува кон одбележување на 11 декември – ,,Светскиот ден на планината“. Оваа година, „Светскиот ден на планината – Водно 202“ ќе се одбележи на 11 декември 2022 година
За таа цел ФПСМ ве поканува да бидете дел од овај настан, за да му дадеме поголемо значење на „Светскиот ден на планината – Водно 2022“, во интерес на одржување на традиционалниот настан за подобар и поквалитетен живот за целата општествена заедница.
Програма:
Опција 1
Планинарска патека: Скопје – врв Водно – пл. Дом. Јосип Станчиќ (хотел Водно) (3 часа пешачење)
09.00 ч. Стартно место: ОУ Кочо Рацин (Обезбедени планинарски водичи)
Опција 2
Планинарска патека:
10.00 ч. Стартно место: пл. дом. Јосип Станчиќ (хотел Водно) – Марков Град (2 часа пешачење) (Обезбедени планинарски водичи)
Официјален дел од програмата
12.30 – 13.30 ч. пл. дом. Јосип Станчиќ (хотел Водно), планинарски собир, доделување на признанија и сеќавање во чест на Проф. Д-р. Јовица Угриновски
Гостите на настанот ќе можат да се освежат со планинарски чај во текот на целиот настан и окрепување со гравче (пожелно да се понесе прибор), добро расположение и дружење.
15.00 ч. Довидување идната година
Напомена:
- Потребна опрема за еднодневно зимско планинарење и движење во природа
Напомена: Задолжително пријавување и доставување на листи од друштвата/клубови (во прилог)