Попова Шапка нема да мирува ниту во текот на летото, изјави Адем Авзиу директорот на Елем Турс. Со цел да ги подобрите условите и привлечеме што повеќе туристи , интензивно работиме на збогатување на туристичката понуда за нашите посетители и во текот на летниот период.
Планинскиот одмор – е вистинскиот избор во топлите летни денови. Отсега, во рамките на летната понуда на ски центарот Попова Шапка, на посетителите ќе им бидат достапни индивидуални и организирани тури со АТВ возила до најживописните терени на Шар Планина (Лешница, Титов Врв, Боговињско езеро, Караникола, Џини Бег и др. Покрај новите АТВ, центарот летово нуди и индивидуални и групни велосипедски тури.
Ски центарот располага со 8 АТВ – мотоцикли и 15 планински велосипеди
Воедно, на располагање и во функција е хотелот „Славија“, како и ресторанот и пространата тераса на хотелот.
Наскоро и официјално соопштение за почеток на летните активности на ски центарот Попова Шапка.