Предавање за техники на водење

Вести

Време е за зимскиот период од годината, каде е потребна поголема едукација за планинарите, за безбедно одење по планините. За оваа сезона I love hiking – group Macedonia има спремено неколку предавања од различни области на планинарството. Секоја ќе биде презентирана во убава кафе атмосфера, за да биде поблиска до секој поединец.

„Оваа рунда ја започнуваме со Борис Александров, човекот кој е во нашиот тим со задача да истражува, да ги отвара границите за повеќе лимити и да се усвршува во иден водич на тимот. Овој пат ќе ја има улогата на предавач за Техники на планинско водење. Се препорачува за сите идни водичи и оние кои сакаат да знаат нешто повеќе за овие техники, исто така добредојдени се сите кои ќе сакаат да земат удел во клубот, проектите на клубот и организацијата во целост“.

Програма:
– Старт 18;00часот
– Место : Паблик Рум
– Ден: Четвток 24.11.2022г
– Време: Една пијачка
– Прашања: дозволени додека се предава
– Предавач: Борс Александров
– Тема : Техники на планинско водење
– Место за седење за првите, останатите на стоење….

Претходен написи
МЕГА ТРАНСФЕРЗАЛА, МЕГА ПРЕДИЗВИК, МЕГА ДОЖИВУВАЊЕ
Следен напис
Конкурс за најдобра планинска фотографија 2022