Светски првак во фристајл-скијање почина во сон на 31 година

Вести

Рускиот фристајл скијач Павел Кротов, кој беше светски првак во 2021 година ненадејно починал во сон.

Голема трагедија го потресе светскиот спорт, откако Кротов починал поради мозочен удар во сон, а тој во 2021 година беше светски првак во тимска конкуренција, додека освои бронза на Светското првенство истата година во поединечна конкуренција.

Беше руски олимпиец, настапи на ЗОИ во Сочи во 2014 година, а имаше победи во Светскиот куп во фристајл.

Претходен написи
„Лазороска“ монографијата промоција и изложба
Следен напис
Момче загина од пад од прозорец на гондола