Се врши рехабилитација на останатиот дел од патот Пониква – Кочани

Вести

По рехабилитацијата на 11 км од патот Пониква – Кочани, деновиве е во тек втората фаза од обновувањето и на преостанатите 7,4 км , со што целосно ќе се комплетира едно од најзначајните инфраструктурни прашања за развој на туризмот,  квалитетна сообраќајна поврзаност. Проектот опфаќа нов асфалт,  поставување рабници,  сливници за атмосферската вода, еластични огради. Овој патен правец значи многу за развојот на Кочани, Пониква и на целиот регион.  Паралелно со ова, на Пониква веќе се реконструираат двата постоечки ски-лифта, општината инвестира во нов планинарски дом и во изградба се две велосипедски патеки од Кочани до Пониква. За овие инвестиции ќе бидат потрошени околу 50 милиони денари.

“Правиме сѐ да ги зголемиме туристичките потенцијали на Пониква и да придонесеме за побрз развој на регионот – изјави Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Претходен написи
Пелистер mtb downhill тренинг
Следен напис
Се реновираат ски лифтовите на Пониква