ТРОФЕЈ СНЕЖНА КРАЛИЦА: Петра Влхова слави на Sljeme

Вести

Влхова со прва победа во 2022г со трофејот Snow Queen Trophy, додека Американката заврши на второ место.

На првиот ден од трофејот Снежна Кралица во Вторникот на Светскиот шампионат во Алпско скијање одржан на Загребски Сљеме, славеше Петра Влхова од Словачка – горе долу очекувано со трета победа во низа. Ривалството помеѓу Mikaela Shiffrin и Petra Vlhova повторно се разгоре во Вторникот во Zagreb, со повратокот на Shiffrin на Светскиот Куп откако излезе од COVID-19 карантинот за време на празниците.

Хрватската најдобра скијачка Leona Popović заврши на седмо место за најдобар резултат во нејзината кариера. Водечката скијачка во слалом го освои трофејот наречен Снежна кралица во едни тешки услови со силен јужен ветар, слаб снег, топло време и патека со лисја. На второ место заврши очекувано Американката Mikaela Shifrin, а на трето Katharina Liensberger од Швајцарија.

Shiffrin се врати на натпреварите од Светскиот Куп откако го “одлежа” Ковидот но веќе стравува дека слалом титулата е далеку од дофатот.

Патеката Crveni Spust со едвај соодветна снежна покривка и со растурени лисја – кој снег техничките лицаа се обидоа да го поправат но на топлото време се појавија дупки и земја на места од патеката. Тешко скијање беше за скијачките на мекиот снег со истакнување на грешките и дури 24 жени не завршија.

Но на незгодниот снег и Vlhova и Shiffrin добро се снајдоа и беа на едно друго ниво под рефлекторите во Zagreb. Двете скијачки беа далеку пред Katharina Liensberger од Австрија на трето место со 2.11 секунди зад Vlhova.

“Навистина беше тешко поради несовршените услови и исто така во Загреб е доста долго возењето” изјави Vlhova до трета титула на Снежна Кралица и освоени дури 11 од последните 17 слалом трки од Светскиот Куп.

На првата трка на Shiffrin после позитивниот COVID тест од 27ми Декември, и пропуштената трка во слалом и веле слалом во Lienz, Австрија.

Иако имаше само умерени симптоми немаше ниту трки ниту подготовки но по негативен тест беше ослободена од карантин со дозвола да настапи на една од нејзините омилени трки. “Знаев дека денеска ќе биде тешко после 10 дена во една соба затворена без можност за било каква физичка активност, поради што изгубив дел од мојата енергија. Но беше навистина позитивен ден и ќе сторам се што можам во наредните недели ова да го надокнадам побргу.”

Lara Gut-Behrami од Швајцарија се уште ја нема во акција после ковид позитивниот тест и заедно со уште седум скијачки го пропуштија Загреб со COVID. Тимовите се разбиени заради здравствени и превентивни мерки за да ги лимитираат позитивните случаи приближувајќи се на Олимпијадата во Пекинг.

“Повеќе не сум во трка за глобусот,” си призна Shiffrin, со освоени четири слалом титули во период од 2013г до 2019г. Сепак, таа останува на прво место во генералниот пласман за титула во Светскиот Куп додека Sofia Goggia од Италија како најголем конкурент главно се натпреварува на брзите дисциплини. Shiffrin е во предност пред Vlhova и Goggia во генерален пласман. Vlhova во предност со 480 поени пред Shiffrin (340) во слалом трките додека Shiffrin води во генералниот пласман со 830 поени за 115 пред Vlhova.

Остануваат уште 20 трки од Светскиот Куп со 11 брзи трки со што ќе биде една остра борба во финалето на Светскиот Куп во Courchevel/Meribel, Франција за освојување на кристалниот глобус. Но земајќи предвид дека Омикрон варијантата коси низ светот не се знае до последно кој ќе биде во игра.

Следно за викендов е закажано Алпско скијање во Kranjska Gora, Словенија за трофејот “Златна Лисица” на 8ми и 9ти Јануари со трките во веле слалом и слалом.

Претходен написи
Божиќно ноќно скијање на Попова Шапка
Следен напис
Скијачи се изгубија во маглата следеше спасувачка акција на Попова Шапка