Феноменалната хрватка Леона со најдобар резултат по ерата на Јаница Костелич!

Вести

Со освоеното второ место на вториот слалом во сезоната на Светскиот Куп во Неделата, Leona Popović на 25 години го повтори својот најдобар пласман на една трка во кариерата со втор подиум и второ место. По првата трка беше петта, а во втората се подобри и заостана само за 18 стотинки зад најдобрата скијачка Shiffrin.

На трето место заврши германката Lena Duerr (+30), откако фаворитката Vlhova отпадна од трката во второто скијање. Leona Popović се покажа како сериозен скијач во Levi последните три сезони, а на саботната трка каде победи Petra Vlhova во една доминантна партија Leona заврши на солидно 10то место.

Ваков сјаен резултат за Хрватките најавува интересна сезона бидејќи Popović во вкупниот пласман е веќе трета на листата.

Претходен написи
Попова Шапка Набави сезонска ски карта по промо цена
Следен напис
Ски центрите почнаа да добиваат први слоеви снег