Претседателот на Хрватската ски федерација после 35 години повторно на Шапка

Вести

Михо Главиќ, претседателот на Скијачка федерација на Хрватскапосле 35 години повторно на Попова Шапка

Новиот претседател на Скијачката федерација на Македонија – Дејан Пановски, уште од првиот ден започна со работни обврски за остварување на целите на федерацијата. Денес, тој оствари работна средба со Михо Главиќ – претседател на Скијачката федерација во Хрватска, во еден од најпопуларните скијачки центри кај нас – Попова Шапка, каде што во моментов се одржува Државното првенство за деца.

Михо Главиќ, по 35 години повторно е во посета на еден од нашите ски-центри, а поводот е да му посака на Дејан Пановски многу успех во извршувањето на новата функција, со надеж за плодна и успешна идна соработка.

На работната средба се разговараше за продлабочување и унапредување на соработката меѓу двете федерации, за моменталната спортска ситуација во земјата, големите планови, но и за заеднички проекти и поддршка што ќе ја подобрат моменталната состојба во зимскиот спорт во нашата земја. Меѓу другото, тој вети дека ќе продолжи да ги следи сите активности на Скијачката федерација на Македонија и ќе помогне во сите сегменти во рамките на нивните можности.

Претседателот Главиќ пристигна во Македонија директно од Банско, Бугарија, каде што викендов се одржа Светското првенство во скијање. Претседателот за време на првенството ја даде својата поддршка на најдобриот хрватски скијач, Филип Зубчиќ, кој заврши како победник на првата од двете велеслаломски трки.

Покрај разговорите за идните чекори и активности, Пановски и Главиќ уживаа и во прекрасното време и во големиот број активности што ги нуди овој ски-центар.

Претходен написи
Уникатно уживање како низ скандинавските фјордови
Следен напис
Недела ден за ски часови придружи се!
Мени