Ранци за турно скијање селекција 2021

Веќе е месец мај, сезоната заврши и треба конечно да ги паркираме малку скиите, но време за опуштање секако дека нема, посебно кога треба да се впуштите во потрага по најидеалната опрема по најдобра можна цена. Дел од брендовите како на пример BCA или Deuter можете да ги најдете и на нашиот пазар, а во преднарачка можеби ќе ги обезбедите најновите модели со некоја доза соодветен попуст.

Скијачки ориентирани ранци (специјализирани повеќе за турно/фрирајд) кои задоволуваат широк спектар на потреби и го прават искачувањето покомфорно. Доколку имате потреба и се интересирате каков ранец да купите, нашава селекција можеби ќе би помогне. Издвоените ранци, зависно од вашите потреби и навики во планинарењето располагаат со држачи за цепини,  простор и стегачи за носење заштитна кацига, холдери за скии и сноуборд, простор за рехидратација, лесно достапни џебови, простор за складирање на лавинска опрема и други помали парчиња опрема.Ранци кои може да бидат и во airbag изведба.

Зависно од турите кои ги практикувате, долги искачувања кои траат и повеќе од 4-5 часа или само околни врвови близу ски центар препорачливо е да се користат ранци од 25 до 40 литри зафатнина.

Ранци кои би ги купиле или веќе ги користиме се air bag Ortovox, BCA, Mammut и специјализиран за турно Deuter freerider pro

Претходен написи
Како најсоодветно да спакувате ранец за планинарење?
Следен напис
Маврово една од главните туристички дестинации во општински и урбанистички хаос
Мени