Културно-информативниот центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на отворањето на изложбата на фотографии од Влатко Рафески насловена „Македонија виа Италија“.
Влатко Рафески со пејсажна фотографија се бави повеќе од 12 години, но љубовта кон истата трае многу подолго. Со пејсажите е вистински амбасадор на убавините на природата посебно на убавините на Македонија, но низ неговиот објектив имаат поминато и голем брј на пејсажи од други земји.
Неговото портфолио носи голем број на признанија како од Македонија така и надвор од неа, вклучувајќи учества на бројни фотографски манифестации, светски конкурси на фотографија (35 awards, World Photography Organisation by Sony awards, International landscape photographer of the year, WPE и други), групни изложби, вебинари и предавања, фестивали и друго.
На изложбата ќе бидат претставени 20 фотографии во голем формат со најубавите планински пејсажи од Македонија и италијанските Доломити.
Изложбата ќе биде отворена до 15.05.2023 година.