15ти Ехо Фестивал на планински филм 2024 Програма

Вести

превземи програма-каталог Ехо Фестивал 2024

15то издание на фестивалот ЕХО, посветен на ширење на планинската култура, преку филмови, изложби, издавање книги, панел дискусии, детски и филмски работилници, предавања на многу различни теми.

Отварањето на фестивалот е во концертната сала на дом на АРМ, петок 18ти октомври од 20 часот, со проекција на филмот „Виорник од работ“, Игор Вртачник, Словенија, 2024, 107′ обраќање ќе има и режисерот Игор Вртачник.

Следните 7 дена, фестивалот е во кинотека, каде имаме 2 паралелни кина.

Ве очекуваат изложба на фотографии, која ќе биде отворена во понеделник.

Детските работилници се во ЕУ Хоусе, а две се во кинотека, филмската и една детска за поставување на фото замки за рис и други диви животни.

Имаме три филмски жирија, Главно жири составено од Трифун Ситниковски, Златко Ѓелески и Маја Мухич, Еколошко жири, и жири за најдобар ски/сноуборд филм, но и жири за најдобра планинска фотографија, составено од членови на зрно фестивалот.

Секоја вечер има презентации, панел дискусии, особено интересни за покривање. Еден од поважните гости е полскиот кинематограф Освалд Переира, во среда 23 октомври, кој се качува на врвови повисоки од 8к метри, без кислород, без помош на шерпи, и притоа снима, а неговиот партнер скија надолу, веќе имаат качено вакви 5 врвови.

За напомена е и вторник кога има интересен панел – Мечка страв, мене не страв- каде најдобрите експерти од балканот, ќе зборуваат околу буката за мечката/мечките кои се спуштаат во населени места, што се крена во последно време, и ќе споделат информации за се што не е јасно околу таа тема.

Програмата во целост овде

Претходен написи
Freeride World Tour се враќа во Франција
Следен напис
AEROLIVE Expérience – La Plagne